ОНЕ и Каролина со нов договор за соработка – Заедно и во 2014

Сподели

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ и Авалон Продукција со задоволство информираат дека ја продолжуваат соработката и во следната, 2014 година. Трета година по ред, брендот на ОНЕ застанува зад најголемата македонска музичка поп ѕвезда Каролина.

Реклама


rn

„Нашата ‘врска’ веќе станува сериозна, три години е период за почит. Веќе добро се познаваме, делиме исти вредности и нижеме заеднички успеси. Ние во ОНЕ сме навистина горди на оваа соработка и сметаме дека два големи бренда како ОНЕ и Каролина несомнено треба да бидат заедно. Од досегашната соработка произлегоа низа успешни проекти, а продолжувањето на договорот е потврда за задоволството на двете страни“ – изјави на прес конференцијата, Главниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол.

rn
rn

„Навистина е чест и задоволство да се соработува со компанија како ОНЕ. Во изминативе две години имавме успешна соработка, а на наше огромно задоволство, соработката продолжува и во 2014 година. Плановите со ОНЕ за претстојната година се големи и она што можам да го ветам е дека и оваа година ќе работиме партнерски и посветено, на сите љубители на добрата музика да им понудиме атрактивни музички содржини и настани“ – изјави Каролина.

Реклама

rnВо двегодишната соработка, ОНЕ и Каролина реализираа многу заеднички проекти: првиот компилациски албум „Најубави песни“, „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“, видео записи, низа концерти низ Македонија и рекламни кампањи во кои Каролина имаше носечка улога. Новиот договор ги опфаќа сите концертни случувања на Каролина во 2014, нови рекламни кампањи и други заеднички активности.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира