КАФЕ ПАУЗА

8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

Болките во грбот не мора секогаш да бидат предизвикани од некои болести или здравствени состојби. Дури и најздравите луѓе може да ја искусат оваа тешкотија и неудобност во секојдневниот живот. Прочитајте ги следниве 8 причинители на болките во вашиот грб, кои може да ве изненадат.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грботrn

1. Спиете на стар душек

rnДобар душек треба да се користи 8-10 години. Доколку не сте го смениле вашиот повеќе од 10 години, големи се шансите вашиот ‘рбет да не ја добива потребната потпора. Заменете го стариот душек со нов кој нема да биде ни премногу тврд ни премногу мек.rn

2. Носите тешка чанта

rnДоколку сте од оние луѓе кои сакаат да креваат тешки предмети низ домот, имајте на ум дека грбот нема да ви биде благодарен за тоа. Исто така, носењето тешка чанта на едното рамо, создава нерамнотежа на вашето тело и на вашиот ‘рбет. Носете некоја полесна чанта. Чантата со сите работи внатре не треба да тежи повеќе од 10% од вашата телесна тежина.rn

3. Носите рамни чевли или чевли со превисока штикла

rnЧевлите со високи штикли ве тераат да го свиткате грбот, при што создаваат притисок на вашите зглобови. Рамните и ниски чевли како што се балетанките или некои патики, исто така можат да бидат лоши за вашиот грб, особено доколку сте дустабан. Сандалите кои немаат задно ременче се исто така лош избор, бидејќи предизвикуваат шетање на вашите стапала од една на друга страна, при што тежината на вашето тело е нееднакво распределена. Секој човек има своја идеална висина на штикла, пронајдете ја вие вашата.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грботrn

4. Држите лутина

rnИстражувачите од еден универзитет откриле дека луѓето кои почесто опростуват, поретко се чувствуваат огорчени, депресивни, гневни и имаат помалку болки. Вашите емоции, напнатоста во мускулите и мислите, можат директно да влијаат врз јачината на физичката болка којашто ја чувствувате. Не само што држењето лутина е лошо за вашето физичко здравје, негативно влијае и на вашата емоционална состојба.rn

5. Седите цел ден

rnЛоши вести за сите оние кои работат на компјутер – тоа е многу лошо за вашето здравје. Седењето цел ден можеби ви изгледа убаво во однос на оние луѓе кои работат физичка работа, но повеќето луѓе не седат во правилна положба додека работат на компјутерот 8 часа дневно, што предизвикува ослабување на грбните мускули поради неактивност. Плус седењето создава 50% повеќе притисок врз вашиот ‘рбет отколку стоењето. Доколку работното место не ви овозможува да работите стоејќи на повисок пулт како би ви биле мускулите на грбот постојано активни, тогаш одвреме-навреме потпрете го грбот на столчето под агол од 130 степени, за да го избегнете набивањето на дисковите во ‘рбетниот столб. Исто така, многу е битно главата да ја држите исправено додека работите на компјутерот, а не да ви биде напрегната нанапред.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грботrn

6. Под стрес сте

rnКога сте под стрес, целото тело ви е исто така под стрес, вклучително и мускулите на вашиот врат и грб кои се згрчуваат и стискаат. Доколку продолжите да се стресувате, тие затегнати мускули нема да добијат шанса да се опуштат, што од своја страна предизвикува болки во грбот. Постојат многу докажани начини за намалување на нивото на стресот, меѓу кои спаѓаат редовното вежбање, медитацијата и топлата бања.rn

7. Не вежбате редовно

rnСпортот ги оформува и тонира мускулите кои го држат вашиот грб. Кога не вежбате доволно, тие се вкочанети и слаби, а ‘рбетните дискови се деформираат. Вежбите кои ги зацврстуваат грбот и стомакот, се најдобар избор за оние кои имаат болки во грбот.rn

8. Јадете премногу нездрава храна

rnНе е за изненадување, дека внесот на висококалорична храна, со малку хранливи материи, доведува до зголемување на телесната маса. Зголемената тежина, исто така негативно влијае врз вашиот грб. Вишокот тежина околу стомакот, ја повлекува карлицата нанапред, што создава напнатост во грбот. Лицата со прекумерна тежина имаат зголемен ризик од остеоартритис. Намалувањето на барем 5-10% од вашата телесна тежина, може да ја подобри состојбата со вашиот грб.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот