Како да го направите овој викенд вистински одмор за душа?

Сподели

Ако и вие имавте напорна недела, тогаш мора да го искористите овој викенд за одморање на вашата душа доколку сакате да се освежите и да ги наполните батериите со цел да бидете одморени и фокусирани за враќање на работа од понеделник. Погледнете ги следниве неколку идеи за квалитетен викенд одмор што ќе ве исклучат од сите работни обврски и ќе ве вратат во нормала.

Реклама

rn

1. Пишување

rnБез разлика дали станува збор за дневник или пак, за креативно изразување, пишувањето е еден од најдобрите начини да го исфрлите целиот стрес од вашето тело и да го одморите умот.rn

Реклама

2. Кафе со сакана личност

rnБез разлика дали станува збор за член од семејството, за пријател/ка или пак, за вашиот партнер, особено ако сте биле премногу зафатени да се видите периодов – јавете им се и поканете ги на шолја кафе во вашиот дом.rn

3. Играње или шетање со домашниот миленик

rnДокажано е дека животните имаат терапевтско влијание на човекот и дека делуваат антидепресивно. Токму затоа посветете внимание на своето милениче, поиграјте малку со него или излезете на попладневна прошетка.rn

4. Читање книга

rnАко пишувањето не е нешто што ве опушта, тогаш можеби читањето е совршената активност за вас! Нема нешто поубаво од губење низ страниците на добро напишана приказна со цел да го одморите и телото, и умот.rn

Реклама

5. Средување на шкафот

rnИсфрлете сè што не сте носеле со години или што веќе не одговара на вашиот стил. Откако ќе го исчистите вашиот шкаф ќе се чувствувате многу полесно и многу поопуштено.

Најново

Може ќе ве интересира