КАФЕ ПАУЗА

Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врски

Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врски

Written by

in

Никогаш не е лесно да му кажете на вашиот партнер дека сакате да ставите крај на вашата љубовна врска. Повеќето луѓе попрво ќе го одолговлекуваат болниот чин на раскинување, отколку да се соочат со партнерот и да го поднесуваат разочарувањето и страдањето. Во денешно време, очигледно и за овој „проблем“ има решение.rnrnПрофесионалниот раскинувач Џонатан Кикбуш од Брајтон, Англија за само 5 британски фунти (помалку од 8$) и плус трошоци, ќе ве поштеди од маките и ќе му објасни на вашиот партнер дека не можете повеќе да бидете во врска со него. Дваесет и едногодишниот маркетинг менаџер умее да ѝ стави крај на вашата врска на сосема природен начин, поради што станал професионалец во својата „професија“.Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врскиЏонатан, кој во моментов е сингл, вели дека неговата услуга е од големо значење, нарекувајќи се себеси „медијатор“ кој ги ослободува луѓето кога нивната љубовна врска не чини.rnrnТој го рекламира својот бизнис на fivesquids.co.uk, британски сајт на кој има разни услуги кои чинат до 5 фунти по понуда. Бизнисот на Џонатан очигледно цвета, со оглед на тоа што им става крај на пет до шест љубовни врски неделно, но секогаш претходно ја интервјуира личноста која сака да му раскине на партнерот, за да дознае каква е нивната приказна.rnrnДоколку се чувствува неудобно да ве вмеша во некоја премногу комплицирана ситуација, на пример ако едниот од партнерите бил неверен, тој ја одбива работата.rnrnЏонатан вели дека започнал да се занимава со ваков тип работа, откако самиот искусил многу тешко раскинување, кога посакал да има некој на кој може да му се јави да ја заврши „валканата“ работа место него. Тој воедно се опишува себеси како човек на кој пријателите честопати му се обраќаат за емоционална поддршка. Кога наишол на овој веб-сајт, сфатил дека неговиот специјален талент може да му носи и пари.rnrnЕве како изгледа неговиот оглас:Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врскиВетувањето дека успешно ќе му раскине на вашиот партнер, се однесува на период во рок од 6 дена. Досега тој има многу задоволни муштерии, со оглед на тоа што неговиот оглас има 100% позитивен рејтинг.rnrnРаботата си доаѓа во комплет и со ризици. Џонатан досега бил соочен со многу солзи и навреди, кога ги соопштувал лошите вести. Како и да е, и покрај тоа што тој ги користи сите методи на раскинување: преку СМС-пораки, состаноци лице в лице (кои чинат 31 долар) и разговори преку чет, вели дека „откачувањето“ е изненадувачки лесна работа.rn
rn

„Некои луѓе може да ги сметаат за кукавици оние кои би ја користеле мојата услуга, но јас ги доживувам само како грижливи луѓе кои не сакаат да се доведат во ситуација да повредат некој кој некогаш многу им значел“ – изјавил тој за магазинот „The sun“.

rnЗапознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врски rn

„Секојпат сум изненаден од тоа колку ми е лесно да ги соопштам лошите вести и дека негативни реакции има незначително малку. Знам дека постојат луѓе кои сметаат дека секој треба сам да му раскине на партнерот, во знак на почит кон врската која ја имале. Но, јас сметам дека доколку чувствувате преголем притисок, треба да се заштитите од потенцијално насилна и вознемирувачка ситуација. Верувам во вистинска љубов и сметам дека луѓето не треба да си го трошат своето време во лоша љубовна врска. Јас сум рационалното решение на вашиот проблем.“

rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.