Заедничкото викенд патување е одлична можност да се релаксирате, но и да се зближите со својот партнер. Самото излегување од постојаното место на живеење како и одморот од работата е секогаш добредојдена промена. Нечесто љубовните парови го користат викендот надвор од градот за да ја зајакнат својата врска. Но што доколку станува збор за вашето прво заедничко викенд патување?rnrn
rnrnВашата врска е „млада“ и досега не сте минале ни една ноќ заедно надвор од градот? Сигурно чувствувате мал притисок при планирањето на викендот мислејќи на сите нешта кои би можеле да тргнат наопаку. Без паника. Ова се 7 чекори кои ќе ви помогнат да го испланирате вашето прво викенд патување со вашето/ата момче/девојка.rn
1. Одредете го буџетот со кој располагате
rnПарите се секогаш чувствителна тема, особено на вашето прво заедничко патување. Не знаете колку тој/таа е во можност да потроши на еден викенд, а не ни знаете каков тип „викендаш“ е. На пример, дали преферира ручек во ресторан или пикник кој ќе го подготвите заедно? Во раната фаза на вашата врска најсигурна опција е да бидете скромни и да одбегнувате луксузи. Исто, добро размислете со колкав буџет располагате вие самите и колку може да си дозволите. Не тргнувајте никаде без чиста претстава за вашиот буџет.rn
2. Одберете ја соодветната локација
rnБидејќи станува збор само за еден викенд, избегнувајте посета на далечни места. Дури е и побезбедно за вашето прво патување воопшто да не ја напуштате земјата. Гледајте пристигнувањето до локацијата како и враќањето од истата да не зазема голем дел од викендот. Исто, обрнете внимание на желбите на вашиот партнер. Дали тој/таа преферира прошетки по планина или релаксирање на езеро?rnrnЗа да ви помогнеме, ова се дел од прекрасните дестинации во нашата земја кои би можеле да ги посетите:rn
- rn011
- Идеи за еднодневна екскурзија
- Беровско Езеро
- Охридско Езеро
- Пониква на Осогово
- Куклица кај Кратово
- Маврово и Бигорски манастир
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
3. Направете мало истражување
rnМало истражување не е на одмет. Откако ја одредивте локацијата, истражувајте на интернет што сè би можеле да посетите додека сте таму. Можеби некоја историска знаменитост, ресторан со одлични препораки и слични места. Доколку патувате со ваше возило, добро информирајте се како да стигнете до посакуваната дестинација.rnrn
rn
4. Составете распоред
rnОткако знаете со што располага вашата викенд-дестинација, направете распоред. Секако, не мора да го запишете, едноставно во мислите креирајте си мал план што би правеле во текот на викендот. Нашата земја располага со многу природни „луксузи“, па искористете ги максимално. На пример, првото утро би прошетале покрај брегот на езерото, потоа би го посетиле оној ресторан за кој прочитавте добри препораки, па би го посетиле манастирот во близина и сл.rn
5. Обрнете внимание на деталите
rnКомпилација со романтична музика, свеќи, црвено вино… романтиката не е на одмет. Доколку ги искористите малите детали за да го „зачините“ викендот, имате добитна комбинација. Вашата девојка сигурно ќе го цени утринското кафе донесено во кревет, додека пак на вашето момче ќе му биде мило што сте понеле неколку лименки од неговото омилено пиво.rnrn
rn
6. Одберете нешто по што ќе го паметите викендот
rnМоже тоа да биде песната/ите кои сте ги подготвиле за по пат, дури и лосионот за тело кој сте го спакувале. Верувајте, таквите ситници остануваат запаметени. Секогаш кога ќе ја чуете песната или ќе го почувствувате мирисот на лосионот, на пример, и двајцата ќе се сеќавате на вашето прво викенд патување.rn
7. Бидете флексибилни
rnИспланиравте сè, и тоа е прекрасно бидејќи така покажувате дека викендот заедно е голем чекор и дека личноста ви значи. Но, не секогаш ќе излезе како планираното, затоа бидете флексибилни. Планот може да трпи промени, не значи дека викендот веднаш ќе се претвори во катастрофа. Ако нешто тргне наопаку, без грижа, така ќе го паметите своето прво патување и сигурно тоа ќе биде случка која потоа ќе ја раскажувате на своите пријатели.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.