Пониква – планински бисер на Осогово

Сподели

На 20 километри од Кочани се наоѓа планинскиот бисер Пониква, обвиен со густа шума и природа која одзема здив. На надморска височина од 1.560 метри ќе заборавите на сите грижи и проблеми и сè што ве измачува, па тоа ја прави Пониква идеално место за викенд-релаксација. Првото нешто што ќе го почувствувате наутро е свежиот воздух кој ќе ви ги наполни батериите за наредната работна недела. Само со една посета ќе сфатите зошто ова место е наречено „воздушна бања“. Има неколку објекти кои нудат сместување по прифатливи цени и ресторани каде можете да јадете откако ќе завршите со прошетката, па затоа сè што ви треба е желба за одмор и опуштање… и удобни обувки за пешачење. 🙂  Идеално е за прошетки во пролет и лето, па ако сакате да избегате од градскиот метеж ова е нашиот предлог за вас.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира