Можеби вам веќе ви се познати основните принципи за бонтонот на маса и ако тоа е така, веројатно сте изненадени кога ќе наидете на луѓе, кои тотално не ги знаат. Но, сепак постојат некои не толку очигледни манири, на коишто би било добро да обрнете посебно внимание. Така на пример, многу луѓе не знаат која храна смее да се јаде со раце, а во кои случаи е подобро да се користи прибор за јадење.rnrn
rnrnПогледнете ја оваа листа од 14 практични совети, кои ќе ви помогнат да се чувствувате удобно додека јадете на некоја свечена прослава или деловен состанок. Со нивна помош, ќе избегнете да се чувствувате посрамотени поради евентуалните грешки, кои ќе ги направите на масата.rn
1. Мисо супа
rnПопуларната јапонска Мисо супа обично се послужува во мал, длабок сад, којшто треба да го кренете со вашата дланка и да пиете мали голтки од течноста. Од друга страна, стапчињата за јадење се наменети за придржување на тофуто и другите состојки. Откако ќе ја испиете течноста, можете да го изедете и тофуто, печурките и другите цврсти состојки, со помош на лажица или стапчиња.rnrn
rn
2. Сланина
rnБидејќи крцкавата сланина може да се скрши ако ја пресечеме со нож, сосема е прифатливо да се јаде со раце. Меката сланина е обично доста мрсна, па доколку не сакате да си ги извалкате рацете, можете да користите нож и виљушка.rnrn
rn
3. Маслинки
rnКога маслинките се послужени како мезе, можете да ги јадете со раце. Но, ако тие се дел од состојките во некое јадење, како на пример во салата, тогаш треба да ги боцнете на виљушка. Исто така, можете да ја изедете маслинката ставена во чашата со мартини, но само откако ќе го испиете пијалакот и целосно ја фрлите во устата, без да ја гризете на залчиња.rnrn
rn
4. Кременадли од риба
rnКременадлите пресечени од риба, најчесто од лосос или крап, може да се јадат со специјален прибор: виљушка со три запци или нож со форма на шпатула. Месото од рибата е многу меко, па затоа треба внимателно да се одвои со нож и потоа да се внесе во устата со виљушка. Исто така, ножот може да се користи и за тргање на кожата и коските на страна.rnrn
rn
5. Цело парче риба
rnНајпрво, треба да ја пресечете рибата на средина, почнувајќи од главата кон опашката, без да го допирате ‘рбетот со ножот. Поткренете го горниот дел од парчето со нож, како да отворате дебела корица од книга, а останатиот дел од месото, придржувајте го со виљушката. Ставете ги пресечените парчиња, во слободниот дел од чинијата. Користете виљушка, за да го отстраните ‘рбетот и ставете го во чинијата за коски. На крај, можете да прснете малку лимон врз рибата и започнете да ја јадете со истата виљушка и нож.rnrn
rnПогледнете ги останатите бонтон правила за на маса, на следната страница…rn
