КАФЕ ПАУЗА

Како да го искористите клима-уредот за пријатен мирис во целиот дом?

Како да го искористите клима-уредот за пријатен мирис во целиот дом?

Топлите денови се незамисливи без клима-уред. Тие ги разладуваат просториите, овозможувајќи ви полесно да ги завршите вашите дневни активности, а спиењето да трае подолго и без прекини. Но, покрај тоа што клима-уредот го лади воздух, тој исто така може да го прочисти и да мириса поубаво во просторијата.rnrnКако да го искористите клима-уредот за пријатен мирис во целиот дом?rnrnЗа да може просторот во кој престојувате во текот на летните месеци да биде исполнет со пријатен мирис и без мирисливи свеќи или електрични уреди, можете да го искористите клима-уредот. Постапката е многу едноставна – ви треба парче хартиена крпа и етерично масло.rnrnПод крилото низ кое струи ладниот воздух, со помош на самолеплива лента, залепете парче хартиена крпа на која претходно ќе капнете од вашето омилено етерично масло. На тој начин, мирисливите ноти ќе се рашират низ целата просторија.rnrnМожете да изберете мирис по ваша желба, но ако сакате да имате опуштена атмосфера, изберете етерично масло од лаванда. Еукалиптусот и пеперминтотот го прочистуваат воздухот, а цитрусното масло и маслото од рози ќе ви го подобрат расположението.rnrnПогледнете кои 15 неочигледни знаци откриваат дека вашиот дом е чист.