Доаѓањето на убавото време во нас буди навистина прекрасни чувства, имаме поголема инспирација за да експериментираме со модата, да им се радуваме на цветните дезени, пастелните бои и светлите фармерки… Добрата вест во сето ова е тоа што нема потреба да купувате нови, скапи парчиња облека, туку едноставно разбудете ја креативноста во вас и редизајнирајте ги старите прачиња облека! За денес, ви претставуваме една интересна идеја, со која ќе ги претворите старите фармерки во нови, освежени и шик модели со цветни детали.rnrn
rnrnКога може истиот модел да го носи и Блејк Лајвли, зошто да не можете и вие?rnrn
rn
Потребен материјал:
rn
- rn011
- Стари фармерки
- Бела боја за ткаенина
- Барем две нијанси на розова боја за ткаенина
- Четки
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrnЧекор 1: Најнапред, послужете се со белата боја. Неуредно испрскајте ги фармерките со бела боја, на тој начин што ќе ја потопите четката во разредена боја и ќе ја протресете неколку пати над фармерките.rnrn
rnrnЧекор 2: Потоа направете неколку произволни потези со четката по површината на фармерките за да ги избелите на неколку места.rnrn
rnrnЧекор 3: Користете тенка четка и црна боја за да ги исцртате гранките.rnrn
rnrnЧекор 4: А потоа, комбинирајќи ги светлите и темните нијанси на розова боја, нацртајте ги ливчињата на цветовите насекаде по гранките.rnrn
rnrnЧекор 5: Нацртајте ваква гранка на предниот, десен џеб, а потоа, повторете ја истата постапка на задниот, десен џеб.rnrn
rnrnИ на долниот дел од левата ногавица.rnrn
rnrnЧекор 6: Оставете ја бојата да се исуши, исперете ги фармерките на ниска температура и откако ќе се исушат, тие ќе бидат спремни за прошетка низ градот.rnrn
rnrnНикој нема да има сличен модел како вашиот!rnrn