КАФЕ ПАУЗА

Каде грешите? 10 совети за здрави, цврсти и убави нокти

Каде грешите? 10 совети за здрави, цврсти и убави нокти

Намаленото количество на железо или витамин Б кое го внесуваме со исхраната, како и грицкањето нокти, или секојдневното куцање на тастатура можат многу да ги ослабат ноктите.rnrnКаде грешите? 10 совети за здрави, цврсти и убави ноктиrnrnВашите раце се одраз на здравјето. Како и кожата, така и ноктите можат да почнат да губат влажност, што може да доведе до тоа да станат кревки, слаби и суви. Освен тоа, она што ќе го видите на површината на ноктите укажува на промените во здравствената состојба. Затоа, ако ви се чини дека никако не можете да имате уредни и свежо маникирани нокти, не го занемарувајте проблемот. Еве десет најчести причини поради кои ноктите ви изгледаат нездраво.rn

1. Постојано ги грицкате ноктите

rnНедостаток на концентрација, нервоза, досада – не е важна причината. Ако ги грицкате ноктите, ќе направите да станат кршливи и повеќе изложени на инфекции. Плунката содржи ензими кои ја разградуваат храната и може да им наштетат на ноктите и кожата околу нив. Така се создава простор низ кој може да нападнат габите и бактериите.rnrnПрва помош: Сечете ги ноктите кратко и уредно средете ги. Така ќе ви биде потешко да ги грицкате. Можете да пробате да ги мачкате и со посебни гелови кои имаат непријатен вкус.rn

2. Премалку железо на чинијата

rnНездравите нокти можат да бидат последица на недостаток на железо во исхраната. Железото формира хемоглобин, молекула која ги движи црвените крвни зрна кон ноктите. Намаленото железо го забавува и растот на ноктите.rnrnПрва помош: Направете крвна слика за да го видите количеството на железо во крвта. Ако е ниско, јадете повеќе говедско месо, спанаќ, мешунки и црна чоколада.rn

3. Помалку витамин Б

rnМожеби мислите дека убавината нема врска со витамините, но постојат докази дека биотинот, односно витаминот Б кој е вграден во косата и ноктите ја зајакнува неговата структура. Доколку ви недостасува биотин тогаш ноктите се делат на слоеви и пукааат на рабовите.rnrnПрва помош: Ако во вашата исхрана недостасува храна богата со биотин (јајца, говедско месо, лешници), земајте го како додаток.rn

4. Пишување на телефон

rnПостојаното пишување на телефон не ги нервира само луѓето околу вас, туку и вашите нокти. Поради тоа доаѓа до пукање на рабовите.rnrnПрва помош: Скратете ги ноктите. Со тоа ќе изгледаат поуредно и нема да ги удирате кога ќе пишувате.rn

5. Премалку крема за раце

rnИмајте на ум дека треба да нанесувате крема за раце секогаш откако ќе ги намокрите рацете. Водата ги суши ноктите, па затоа често пукаат или се суви.rnrnПрва помош: Најдете лосион кој брзо се впива и мачкајте ги рацете неколкупати на ден.rn

6. Претерувате со дезинфекција

rnКако што водата ги суши рацете, така и средствата за дезинфекција ги сушат ноктите. Поради тоа, тие стануваат кревки. Средствата за дезинфекција имаат многу алкохол, при што ги сушат ноктите.rnrnПрва помош: Ако морате да ги дезинфицирате рацете, обидете се да го одбегнете делот околу ноктите. Ако немате избор, тогаш барем гледајте често да ги мачкате рацете со крема.rn

7. Лакот за нокти стои предолго

rnСите лакови содржат супстанци за сушење, при што плочата на нокотот се пресушува и ослабува. Дури ни лаковите кои ги зацврстуваат ноктите не се добри за вашите нокти.rnrnПрва помош: Вадете го лакот на секои пет дена и дајте им на ноктите неколку дена да се одморат.rn

8. Ноктите не го сакаат ацетонот

rnРазличните видови течности за вадење на лакот од ноктите не се здрави за нив. Ацетонот ги вади природните масла од нокотот заедно со лакот и ги остава ноктите кревки.rnrnПрва помош: Пробајте да најдете средство за вадење лак на база на соја кое не содржи ацетон.rn

9. Основниот лак не е потребен

rnАко ставате лак како основа на ноктите, тогаш ги полните ноктите со многу хемикалии кои ја оштетуваат плочата.rnrnПрва помош: Пред да ставите лак за нокти, нанесете малку крема за раце и нокти. Ќе ги хидрираат и ќе ја намалат штетата од лакот за ноктите кој потоа ќе го нанесете.rn

10. Не ја отстранувајте кожата околу ноктите

rnКожата служи за да го заштити коренот на нокотот од вода, бактерии и сѐ што може да се собере на раката. Ако ги сечете, ќе тргнете важна заштита.rnrnПрва помош: Кожичката полека втиснете ја кон коренот на нокотот. Правете го тоа секој ден кога ќе се туширате, тогаш ќе биде помека.rnrnПрочитајте и за овие 10 природни начини да се справите со кршливите нокти.