10 природни начини да се справите со кршливите нокти

Сподели

Без разлика дали сакате долги или кратки нокти, со или без лак, силните и сјајни нокти секогаш покажуваат дека вашето здравје е добро. За среќа, постојат природни начини да ја подобрите состојбата на вашите нокти.rn

Реклама

1. Витамин Е

rnМаслото со витамин Е ја подобрува не само состојбата на ноктите, туку и на нивното лежиште. Познато е дека маслото ги обновува и ги зајакнува оштетените и кршливи нокти, а ги лекува и кутикулите.

Маслото нанесете го директно на ноктите и прстите.rn

2. Кокосово масло

rnКокосовото масло е добар антиоксиданс, па ги штити ноктите од негативните ефекти на слободните радикали. Исто така кокосовото масло има антибактериски и антигабични карактеристики.

Нанесете топло кокосово масло на ноктите и кожата околу нив и масирајте додека не се впие.rn

3. Јаболков оцет

rnЈаболковиот оцет е одличен за зајакнување на ноктите и омекнување на кутикулите, а го забрзува и нивниот раст.

Додајте една лажица јаболков оцет во чаша вода и накиснете ги ноктите неколку минути. Можете да повторувате додека не го добиете посакуваниот резултат.rn

4. Масло од чајно дрво

rnМаслото од чајно дрво е многу добар антисептик и има антигабични својства. Немојте да нанесувате чисто масло од чајно дрво. Секогаш разредете го со друго масло.

Измешајте 2 капки масло од чајно дрво со половина лажица маслиново, бадемово или кокосово масло. Нанесете на ноктите и на кожата околу нив и масирајте неколку минути.rn

5. Лимонов сок

rnЛимонот е богат со витамин Ц, а ова го забрзува лачењето на колаген и ги прави ноктите посилни. Сокот од лимон исто така ги осветлува ноктите и ги лекува малите пукнатини.

Исцедете половина лимон во една чаша топла вода и накиснете ги ноктите 5-10 минути.rn

6. Маслиново масло

rnМаслиновото масло е особено добро за навлажнување на ноктите. Богато е со витамин Е и можете да го користите во комбинација со други масла.

Нанесете топло маслиново масло на ноктите. Масирајте 5-10 минути.rn

7. Жолчка и мед

rnЖолчката содржи многу витамин А и масни киселини, што ја прави навистина ефективна за зајакнување на тенките и кршливи нокти. Исто така таа е одлична за навлажнување на кутикулите. За уште повеќе придобивки, додајте и мед кој има антигабични својства.

Измешајте една жолчка со половина лажица топол мед. Нанесете ја смесата на ноктите и кожата околу нив, оставете да делува 15 минути и исплакнете.rn

8. Масло од ленено семе

rnМаслото од ленено семе е богато со масни киселини, минерали и антиоксиданси, па тоа го забрзува растот на ноктите.

Нанесете од маслото на ноктите и масирајте неколку минути.rn

9. Бадемово масло

rnБадемовото масло е богато со витамини А, Б и Е. Тоа ги поправа, навлажнува и негува ноктите и ги омекнува кутикулите.

Нанесете топло бадемово масло на ноктите и масирајте 2-3 минути.rn

10. Масло од јојоба

rnМаслото од јојоба има неколку видови масни киселини, антиоксиданси, витамини и минерали. Па доколку сакате силни нокти, ова е најдобриот избор.

Нанесете топло масло од јојоба на ноктите и масирајте 2-3 минути.

Погледнете ги и овие совети за нега на нокти „украдени“ од нашите баби.

Најново

Може ќе ве интересира