Сраснатите влакна може да бидат последица од депилацијата, но проблемот не мора да биде во начинот на кој сте ги отстраниле, туку во тоа дали сте ја припремиле кожата за овој процес. Избегнувајте ги следниве 6 најчести грешки за да добиете најдобри резултати од депилацијата, безболно и потполно мазно.rnrn
rn
1. Не правите пилинг на кожата
rnПилингот е најдобар начин за да ги спречите сраснатите влакна, без разлика на тоа која метода за отстранување на влакна ја користите. Доколку веќе имате сраснати влакна, направете лесен пилинг на областа каде тие се сраснати. За да го спречите сраснувањето на влакната после бричењето, секојдневно користете лосиони за кожа кој содржи хидроксид киселина, состојка која ќе ја опушти мртвата кожа и ќе спречи влакната да останат „заробени“ под неа.rn
2. Ги бричите влакната наутро
rnМногу жени ги бричат влакната во текот на утрешното туширање. На тој начин се штеди време, но не се обезбедува и најмазното бричење. Всушност, во текот на спиењето нозете малку натекуваат, поради што некои влакна може да останата скриени и недостапни за бричот. За најдобар резултат, нозете бричете ги навечер.rn
3. Се бричите додека лежите во топла купка
rnТоплината исто така влијае на натекување на нозете, поради што бричењето би требало да го прескокнете и додека лежите во топла купка. Ако баш мора да ги избричите нозете во топла купка, тогаш направете го тоа веднаш на почетокот: Доколку чекате повеќе од 10 минути за да ги избричите нозете, тие нема да ви бидат мазни.rnrn
rn
4. Се бричите со тап жилет
rnЕден ист жилет најдобро е да не го користите повеќе од месец дена, доколку го користите секојдневно. На тој начин ќе постигнете максимално мазно бричење, но и ќе ја спречите појавата на црвени точки. Исто така, после секое користење, потребно е добро да го исчистите жилетот под млаз топла вода.rn
5. Не користите крема или пена за бричење
rnПената за бричење е важна, бидејќи таа ги спречува можните иритации на кожата, но исто така овозможува жилетот да ги отстрани влакната скоро до коренот. Пената нанесете ја во правец спротивен на правецот на раст на влакната, за да ги исправите и на тој начин попрецизно да ги отстраните.rn
6. Пречесто се депилирате со восок
rnПомеѓу депилацијата со восок би требало да почекате 4 недели, односно депилирајте се еднаш месечно, за влакната да нараснат доволно и да има восокот за што да се залепи. Влакната на бикини зоната и нозете се спремни за депилација кога се долги половина центиметар, а грубите влакна би требало да бидат долги еден центиметар.rnrn