Погледајте околу вас и кажете си во себе дека сте преживеале. Овие зборови треба да ве охрабрат. Но, доколку се растажите, тогаш тоа може да биде знак дека вие сте едни од оние луѓе кои не успеваат да ја спознаат својата внатрешна сила, па токму затоа кај нив преовладува мислата дека се изгубени. За разлика од нив, првата група луѓе никогаш не патат кога ќе доживеат пораз или кога ќе бидат понижени од страна на победници кои зборуваат за нив. Тие можат да си допуштат и по некоја солза, но никогаш не се сожалуваат.rnrn
rnrnТие знаат дека тоа е само мала пауза во борбата и дека тие на само еден момент ја изгубиле предноста. Тие се свесни дека стравот ги одржува нервозни. Но, кога размислуваат за својот живот, тие го разбираат, дури и покрај стравот, во нивната душа постои верба која ги води напред. Тие се трудат да откријат што направиле добро, а што лошо.rnrnОваа пауза која настанала со поразот ја користат за да се одморат, да ги залечат своите рани, да осмислат нова стратегија и подобро да се подготват. А потоа, кога ќе дојде новиот ден, нова борба ќе чукне на нивната врата. Тие сè уште се исплашени, но мора да делуваат или засекогаш да останат да лежат на земја.rnrnТие сепак стануваат и се соочуваат со својот противник, но се сеќаваат на болката која ја претрпеле и не сакаат повторно да ја доживеат. Нивниот претходен пораз значи дека овој пат тие мора да победат бидејќи не сакат да ја преживеат истата болката по втор пат. Но, доколку и овој пат не постигнат победа, тоа ќе го сторат следниот пат. Ако ни тогаш не успеат, тогаш можеби малку подоцна. Важно тие секогаш откако ќе паднат повторно застануваат на своите нозе.rnrnСамо оној кој се откажува е победен. Сите останати се победници!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.