Ако ви се досадни традиционалните новогодишни елки и сте во потрага по некоја нова идеја која ќе ги воодушеви вашите најблиски, како и вашите гости, погледнете го овој едноставен начин да направите декоративна лебдечка елка за само неколку минути.rnrn
rn
Потребен материјал:
rn
- rn011
- Дебел картон со димензии по ваша желба
- Фарба во вид на спреј
- Метро
- Конец
- Ножици
- Зелена леплива лента
- Силиконски конец
- Силиконско лепило
- Метална кука за закачување
- Новогодишни украси и ламбички
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на изработка:
rn
Изрежете кругови од картон
rnСтавете го картонот на рамна површина. Со помош на игла, прикачете го едниот крај на конецот во централниот дел на картонот. Мерејќи од центарот, направете ознака со маркер на секои пет сантиметри, а потоа, со помош на конец означете ги внатрешните кругови. Исечете ги со помош на ножици.rnrn
rn
Обојте ги круговите
rnОбојте ја едната страна на елката во темна нијанса на зелената боја. Ставете сјај и оставете да се исуши. Повторете и на другата страна од картонските кругови, така што тука ќе ги обоите во светла нијанса на зелената боја. Краевите на круговите обложете ги со зелена лента.rnrn
rn
Закачете ја елката
rnЗакачете метална кука на таванот или на друго погодно место каде што сакате да виси вашата елка. Направете осум дупки на секој круг и низ секоја вметнете силиконски конец, редејќи ги круговите на еднакви растојанија, почнувајќи од најмалиот, па кон најголемиот. Со силиконското лепило прицврстете ги круговите да не паѓаат надолу.rnrn
rn
Украсете ја елката
rnМожете и самите да направите украси, како што ќе можете да видите во видеото подолу, или пак да купите веќе готови. Ставете и новогодишни ламбички, а за уште поголем ефект, осветлете ја елката со ламба.rnrn
rnrnПогледнете го видеото кое ви прикажува детално упатство за изработка на оваа елка.rnrn