КАФЕ ПАУЗА

Имате испукани усни? Еве што откриваат за вашето здравје

Имате испукани усни? Еве што откриваат за вашето здравје

Проблемот со испукани усни се јавува поради ветерот, студениот воздух и недоволното внесување вода. Но, тоа може да биде и знак за некои нарушувања во организмот.rnrnИмате испукани усни? Еве што откриваат за вашето здравјеrn

Недостаток на потребни витамини

rnНедостатокот на витамините Б2 и Б3 може да предизвика сувост и пукање на усните. Од друга страна, овие витамини се неопходни за правилно функционирање на организмот. Витаминот Б2 е одговорен за правилното функционирање на метаболизмот, регулирањето на нивото на аминокиселините во крвта и функционирањето на сите клетки во телото. Недостатокот на витамин Б3 може да предизвика дерматитис, дијареја и ментални проблеми. Недостатокот на витамини може да се забележи на усните, јазикот, па дури и во пределот на непцата. Ако вашите усни се често суви и испукани, дефинитивно треба да размислите за земање додатоци на витамин Б3.rn

Недоволно внесување вода

rnНедоволното внесување вода во организмот може да доведе до дехидрација. Еден од првите симптоми на недостаток на вода во телото е сувост и пукање на усните. Истражувањата покажале дека недостатокот на вода го зголемува ризикот од заболување на непцата, таложење наслаги и кариес. Препорачаната дневна количина на вода е осум чаши, но се препорачува да пиете повеќе доколку редовно вежбате и многу се потите.rn

Алергии

rnДоколку сте забележале сувост и пукање на усните по нанесувањето на кармин, балсам или сјај, можно е да сте алергични на некоја од состојките во производот. Алергиите на овие супстанции предизвикуваат чешање во пределот на усните, иритација и пукање. Некои намирници може да предизвикаат и испукани усни. Кога ќе дознаете на што сте алергични, избегнувајте ги тие производи и консултирајте се со вашиот лекар за земање соодветна терапија за ублажување на алергиските реакции.rn

Реакција на некои лекови

rnЛековите може да предизвикаат голем број несакани последици, меѓу кои и пукање на усните. Лековите за хипотироидизам и регулирање на крвниот притисок многу често предизвикуваат испукани усни.rn

Прекумерен внес на витамин А

rnПрекумерното внесување на витаминот А во организмот може да предизвика суви усни, пукање, лупење и крварење.rn

Хронично воспаление

rnЕден од симптомите на хронично воспаление е пукање на усните, но и зголемено лачење на плунка. Освен тоа, луѓето со чувствителна кожа се повеќе склони кон воспаление во пределот на усните.rnrnОткако прочитавте за испуканите усни, можеби ќе сакате да прочитате и како да им ставите крај на испуканите усни со помош на оваа состојка.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs