КАФЕ ПАУЗА

Топ 5 содржини за изминатата недела (8.8.-14.8)

Топ 5 содржини за изминатата недела (8.8.-14.8)

Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (8.8.-14.8)rn

1. Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?

rnКога ќе се погледнат за 250 пати поголеми од реалната големина, зрната песок имаат фантастична, колоритна структура и се уникатни како снегулките. Погледнати низ микроскоп, тие потсетуваат на делови од кристали, парчиња од спирални школки и ронки од вулканска карпа.rn.rn

2. Астрологијата и вашите најдобри пријатели

rnКакви сакате да бидат вашите најдобри пријатели? Со кои најдобро ќе се журкате и ќе поминувате безброј часови заедно? Кои ќе бидат покрај вас, во моментите кога тоа ви е најпотребно? Дознајте што вели зодијакот за пријателите и карактеристиките кои ги имаат нивните хороскопски знаци.rn.rn

3. Интересни туторијали за нокти

rnНоктите на секоја припадничка на понежниот пол треба да бидат средени. Со тоа се постигнува впечаток на педантна личност која се грижи за секој дел од своето тело. Во летото ноктите се особено важни, а интересните и лесни дизајни никогаш не се на одмет.rnЗатоа еве неколку интересни туторијали кои се надевам ќе ги красат вашите нокти!rn.rn

4. Изнајмете го островот во форма на срце

rnСопственик на овој прекрасен остров во форма на срце е Сер Ричард Бренсон, газдата на „Virgin Group“. Островот се наоѓа на реката Носа во Австралија и е наречен „Makepeace“.rn.rn

5. Надреални автопортрети од 16 годишно момче

rnОвој талентиран 16-годишен фотограф доаѓа од Дуизбург, Германија, а неговото име е Филип Шумахер. Тој веќе две години активно се занимава со фотографирање. Инспириран е од познатите фотографи Алекс Стодард, Роузи Харди и Брук Шаден, кои својата работа ја споделуваат на „Фликр“.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.