Печени костени дома: Како да ги исечете и испечете за лесно да се лупат

Сподели

Нема ништо подобро од топла кесичка печени костени во студен ноемвриски ден. Добрата вест е дека дома се прават лесно, а со правилниот трик лушпата сама ќе ви се одлепува.

Реклама
Реклама

Како да изберете костени

Барајте тешки, сјајни и цврсти костени, без дупчиња и без лушпа што се одвојува од плодот. Ако ги ставите во вода и некои испливаат, фрлете ги – најчесто се суви или црвливи.

Реклама
Реклама

Трикот: засек и потопување

1. На заоблената страна направете засек во форма на крст или долг рез, со остар нож, низ лушпата, но не длабоко во плодот. 2. Потопете ги костените во топла вода 15–20 минути. Така лушпата се натопува, а внатрешноста останува сочна. 3. Добро исушете ги со крпа.

Без засекот, костените можат да пукнат во рерната.

Реклама
Реклама

Во рерна

  • загреана на 200 степени
  • костените со засекот нагоре во тава
  • на дното ставете садче со вода за пареа
  • печете 20–25 минути, со едно протресување на половина

На тава

Во суво тешка тава, со капак, на средна температура околу 20 минути, со често протресување.

Во аер фрајер

На 180–200 степени околу 15 минути, со протресување на неколку минути.

Најважно: завиткајте ги

Штом ќе ги извадите, завиткајте ги во кујнска крпа или ставете ги во хартиена кеса 5–10 минути. Пареата ја одвојува лушпата и внатрешната кожичка, па се лупат многу полесно. Лупете ги додека се топли.

Со што се служат

Најдобро се само со малку сол, но одлични се и со путер, мед или цимет. А до нив, чаша вино или чај.

Најново

Може ќе ве интересира