3 рецепти за смуди за убава линија

Сподели

Смудито содржи многу витамини и минерали и е идеално за појадок или за ужина. Со овие „чаши здравје“ ќе го стимулирате варењето на храната, ќе го зајакнете имунитетот и ќе имате убава линија.

Реклама

rn

Зелено егзотично смуди за двајца

rnПотребни состојки:

1 поголемо јаболко

30 грама спанаќ

3 лажички сечкан коријандер

1 лимон

1 чаша свежо исцеден сок од портокал

2 лажички ѓумбир

1/3 банана

1 лажичка цимет

Начин на подготовка:

Исечкајте ги сите состојки и ставете ги во блендер. Мешајте додека не се формира хомогена смеса.rn

Смуди за детоксикација од боровинки и малини

rnПотребни состојки:

190 грама свежи или замрзнати боровинки

120 грама свежи или замрзнати малини

1 чаша овошен јогурт

1 лажичка мелен цимет

свеж корен од ѓумбир со големина од 1,5 см

вода

Начин на подготовка:

Изрендајте го ѓумбирот ситно и измешајте ги сите состојки во блендер. Исто така, можете да додадете сок од портокал.rn

Овошна бомба за расонување

rnПотребни состојки:

1 грејпфрут

1 круша

рендана кора од лимон (количина по желба)

рендан ѓумбир (количина по желба)

1 лажичка мед

200 мл вода

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Грејпфрутот, лимонот и ѓумбирот го прават ова смуди исклучително вкусно и совршено за расонување

Погледнете како да направите вкусно смуди со јагоди што помага при слабеењето.

Популарно

Може ќе ве интересира