Раѓањето на една љубовна врска со добра перспектива пред себе, трае околу 9 месеци, исто колку и целиот период во бременоста, до раѓањето на новиот живот. Таа врска на крај може да заврши со раскинување, може и со заеднички живот, но ова емоционално патешествие мора да се помине.rnrn
rn
Прво тримесечје
rnВо првите три месеци со нас доминира еуфоријата. Деновите ги трошиме во размислување за нашата нова љубов и кроиме планови за тоа како ќе тече следната средба. Во партнерот не гледаме ништо негативно, па дури и нејзините/неговите мани за нас се многу симпатични. Одличниот секс и добрата забава додека сè уште трае запознавањето, нè тераат да помислиме дека сме со вистинската личност.rn
Второ тримесечје
rnВо второто тримесечие веќе ги доведуваме во прашање идеалите за нашиот партнер. Маните кои до сега ни биле интересни, почнуваат да ни пречат и полека почнуваме да се сомневаме во совршената слика која сме ја имале за него/неа. Ова е период во кој почнуваме да бележиме плусеви и минуси за врската.rn
Трето тримесечје
rnВо овие три месеци веќе доволно се познаваме со партнерот за да можеме да развиеме посериозна комуникација, така што проблемите ги решаваме со разговор и врската уште повеќе се зацврстува. Доколку проблемите не можат да се решат, ова е времето кога врската се прекинува.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
