Гастрономски тренд: Употреба на пиво во кулинарството

Сподели

Производството на пиво започнало како домашна работа која ја извршувале жените, па според ова можеме да кажеме дека уште од самиот почеток пивото го пронашло своето место во кујната и гастрономијата. Со развојот на цивилизациите и технологијата, производство на пиво сѐ повеќе се развива. Се создаваат нови вкусови и ароми кои стануваат неизбежен дел од кулинарската уметност. Готвењето со пиво бара стручно познавање на видовите пиво кои одговараат со одредена храна, што е важен дел од пивското кулинарство кое станува сè попопуларно. Во продолжение прочитајте неколку совети благодарение на кои секое јадење што е комбинирано со пиво ќе добие побогат и подобар вкус:

Реклама

rn

Пивото дава подобра арома

rnОбичајот на додавање вино во храната преовладува во нашата цивилизација. Отсекогаш биле присутни предрасудите дека виното ѝ дава подобар вкус на храната. Излезете од гастрономската рамка, и наместо со вино во кујната, експериментирајте со пиво. На пример, оризот совршено го апсорбира јачмениот вкус, а вкусот на пченицата се комбинира со горчливо-слатки печурки. Пивото добро оди и со пилешко, па дури и со лигни кои можат да се приготват во пиво и шафран со сос од јогурт.

rn

Пивото одлично оди во десертите

rnВистинските љубители на пиво ќе кажат дека тоа одговара со секоја храна, а во последно време многу е популарно експериментирањето со пивото како една од главните состојки за приготвување десерти. Пивото можете да го додадете во омилените палачинки, браунис колачињата и во други десерти во кои доминира темната чоколада. Со десертите кои содржат овошје одлично одговара светлото, лесно пиво со овошен вкус.

rn

Пивото е соодветно за различни кулинарски техники

rnОд маринирање, глазирање, печење, варење и динстање, пивото се користи во многу кулинарски техники. Горчливиот хмељ му дава богат вкус на јадењето, а јачменот му дава слаткост. Квасецот пак дава лесен вкус, а неговите ензими се идеални за омекнување на месото.

Погледнете ги и овие 10 неверојатни иновации во светот на храната што сигурно ќе ви се допаднат.

Најново

Може ќе ве интересира