Уште од 5-годишна возраст нè учат дека училиштето е важно и дека секој мора да помине низ него. Иако образованието и знаењето се навистина важни, постојат недостатоци во образовниот систем кои ги прават децата глупави и депресивни. Погледнете на кој начин училиштата ги „тераат“ децата да се претворат во возрасни со депресивни и празни животи.rnrn
rn
1. Не се цени индивидуалноста
rnВо училишната средина индивидуалните потреби на секое дете се занемарени поради големиот број ученици. Поради ова, не може да се откријат многу таленти и не се познати личните интереси на секое дете. Наместо да работат на она што им дава предност, децата се учени да размислуваат колективно.rn
2. Децата учат да живеат само за иднината, наместо да уживаат во моментот
rnНаместо да се учат децата да уживаат во животот, училиштето им кажува дека треба да го жртвуваат секој ден за доброто на следниот. Планирањето на иднината е важно, но треба да се ужива и во сегашните моменти.rn
3. Ги изедначува парите и успехот
rnДецата се учат дека добрите оценки ќе им помогнат да најдат добра работа. А добрата работа ќе им ги наполни џебовите. Со ова на децата им се всадува мислењето дека успехот е само џеб полн со пари.rn
4. Ги тера да се сомневаат во себе
rnНе потполнувајте нешто без да ја прашате учителката. Наставниците ги учат децата целосно да зависат од нив и да ги прашуваат за секоја одлука. Ова е многу лошо за развивање на независноста на децата.rn
5. Креативноста е згушена
rnНаместо да им дозволат да бидат креативни, на децата им се дава правилник за сè. Од секое дете се очекува да го почитува правилникот и да биде исто како другите.rn
6. Ги учат да се плашат од неуспех
rnКога ќе им кажете на децата дека ќе изгубат сè или дека ќе ги избркаат од училиште поради една слаба оценка, тие ќе сфатат дека неуспехот значи завршена игра. Ова не е вистина во реалниот живот, и не треба да биде вистина во училиштето.rn
7. Ги учат што да мислат, а не како да размислуваат
rnНаместо да ги поттикнат детските умови да размислуваат сами за себе, училиштата им кажуваат на децата што да мислат. Ова може да биде навистина депресивно, особено за децата со креативен ум.rn
8. Од нив се очекуваат премногу работи
rnКако возрасни, многу ретко треба да вметнеме и дополнителни активности покрај работата. Но, од децата се очекува да одат на училиште, на курс по странски јазик и да учествуваат во други активности. Ова е преголем товар и за еден возрасен, а не пак за дете.rn
9. Ги учат дека играњето е лошо
rnДецата не смеат да си играат на одморите помеѓу часовите. Зошто? Бидејќи тоа не е работа на училиштето.rn
10. Постојано се групирани
rnВо зависност од нивниот успех, име, возраст и слично, децата се групирани уште од многу рана возраст. Поради ова тие се игнорирани како индивидуа и на нив се гледа само како дел од некоја група.rnrnПрочитајте ја и оваа генијална порака која наставниците им ја испратиле на родителите.