Живееме во чудно време каде за некои луѓе статусот на Интернет може да има поголемо значење од она што се случува во реалниот свет. Тие го оценуваат нечиј живот врз основа на фотографиите што ги објавуваат на Фејсбук, или врз основа на она што го пишуваат, па доаѓаат до погрешни заклучоци. Но, за разлика од нив, среќните парови не ги споделуваат нивните животи на Интернет, а во продолжение погледнете и зошто.rn
1. Кога луѓето се среќни во нивната врска, тие го живеат сегашниот момент
rnАко повеќето работи им одат добро, како во животот, така и во врската, среќните парови не ја гледаат смислата во тоа да им го докажат овој факт на останатите, објавувајќи на Интернет. Секако, ова не значи и дека тие никогаш не ставаат слики или пак не проверуваат што има ново на социјалните мрежи, но не го прават тоа со цел да им докажат на другите колку се среќни.rn
2. Знаат дека споделувањето на проблемите на Интернет нема да им донесе ништо добро
rnСреќните парови знаат дека откривањето на личните проблеми на социјалните мрежи е најмалку ефикасен метод за нивно решавање. Напротив, свесни се дека тоа само ќе им ги влоши односите.rn
3. Вистинската среќа значи да се биде во врска со некој што го сакате
rnНема да добиете ништо доколку секојдневно на Фејсбук објавувате докази за тоа колку сте среќни. Радост е да се биде заедно, а не да го покажувате тоа на Интернет. Среќните парови го разбираат ова и уживаат во секој заеднички миг, наместо да поминуваат време на социјалните мрежи.rn
4. Никој не мора да докажува ништо на никого
rnОние кои се во вистински среќна врска немаат потреба да им покажуваат на другите како се чувствуваат. Тие се заедно затоа што така сакаат, па не се грижат дали на нивниот Фејсбук профил им пишува дека се во врска.rn
5. И најважното нешто…
rnИстражувањата покажале дека оние што не ги користат социјалните мрежи се многу посреќни од оние што го прават тоа, пред сѐ бидејќи тие постојано се споредуваат со нивните пријатели и колеги, па секогаш им се чини како другите да се подобри или посреќни. Најважен е вашиот реален живот, вашата врска, искуството и чувствата, а не популарноста на Интернет.

