Секој од нас има макар еден ФБ пријател кој неретко постира статуси со содржина: „Две години со мојата љубов, најубавите години во мојот живот“, „Ме правиш најсреќна/ен на цел свет“ и сл. Навидум тие парови се среќни и не се плашат да му го покажат тоа на светот, но најново истражување покажува дека заљубените постови на ФБ зборуваат повеќе за несигурноста на нивните автори отколку за нивната благосостојба. Имено, постои некаква поврзаност меѓу несигурноста и анксиозноста во врската со потребата и желбата да им се преплави почетната страна на ФБ пријателите со слики и постови за нечија љубовна врска.rnrn
rnrnОбично оние кои чувствуваат несигурност или не се толку среќни во врската, имаат потреба од одобрување од ФБ пријателите. Гледајте на тоа вака, ако се „преправаат“ дека во врската сè им оди одлично, лајковите и коментарите што ќе ги добијат ќе им ја зголемат самодовербата, односно, ако се однесуваат дека нивната врска е совршена, со тек на време токму тоа и ќе се случи. Или, ако ништо друго, ќе биде совршена во очите на виртуелните пријатели.rnrnСепак, тоа не значи дека треба да ѝ се јавите на вашата другарка кога таа ќе постира слика со своето момче, и да ја прашате дали е сè во ред меѓу нив. Но, на оние парови кои чувствуваат потреба 10 пати дневно да нè известуваат за својот љубовен живот, можеби и не им оди баш најсјајно. Така тие би можеле да престанат да ги апдејтуваат своите ФБ статуси за својата романтична врска, за што, сигурни сме, нивните ФБ пријатели би им биле многу благодарни.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.