Некои продукти кои често ги имаме дома или пак многу е лесно да ги набавиме, покрај за јадење и пиење, можат да се искористат и за исправување на косата. Трајното пеглање и користењето на разни хемикалии за исправување многу го оштетува влакното, го прави слабо и кршливо. Затоа, постигнете го ефектот на права и сјајна коса заобиколувајќи ги агресивните третмани и посегнувајќи по намирниците во вашата кујна.rnrn
rn
1. Вотка
rnВерувале или не, овој алкохолен пијалак е одличен за исправување на косата. Доволно е да помешате вотка во вашиот регенератор и да го нанесете на косата. Ниската ph вредност ќе ги измазни кутикулите и ќе го „испегла“ влакното. Исто така, вотката може да биде добра за осветлување на косата. Користењето на вотката сепак, не се препорачува премногу често бидејќи може да ја исуши косата.rn
2. Кокосово масло
rnНајсоодветно решение за малку кадравите коси. Сѐ што е потребно е да нанесете од кокосовото масло малку на влажна коса, да се исчешлате и да се исушите.rn
3. Целер
rnСтавете во блендер еден целер и малку вода. Добиената смеса ставете ја во обичен распрскувач, нанесете ја на косата и оставете да делува 15-20 минути. Потоа измијте ја со шампон.rn
4. Банани и папаја
rnШејкот од банани и папаја ќе ја исправи вашата коса, ќе ја потхрани и ќе го спречи виткањето. Измешајте една зрела банана, папаја и две лажици мед, па потоа нанесете ја смесата на косата. Штом косата сосема ви се исуши, измијте ја.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.