Домашен вкусен чипс

Сподели

Крцкав чипс кој сите ќе го сакаат
Потребни состојки:

rn

    rn011

    Реклама
  • 2 средни или 1 голем компир
  • rn011

  • 50 мл маслиново масло
  • rn011

  • 4 чешниња лук, ситно сечкани
  • rn011

  • масло за пржење
  • rn011

  • сол
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnНа ренде (мандолина) исечкајте го компирот на најтенки крукчиња што можете. Измијте ги крукчињата во ладна вода и потоа исушете ги врз хартиена крпа.

Во мало тенџере загрејте го маслиновото масло на ниска температура и во него сипете го исечканиот лук. Пропржете 5 минути додека лукот не пушти мирис. Потоа ставете го маслото во блендер и убаво измешајте.

Во тавче сипете масло за пржење и оставете го да се загрее. Потоа во него наредете по неколку крукчиња од компирот и превртувајте ги додека не добиете убав крцкав чипс. Откако ќе ги извадите од зејтинот, со четкичка намачкајте ги со маслиновото масло и послужете ги топли.

Доколку не сакате да го премачкувате чипсот со сосот од маслиновото масло и лук, тогаш подгответе си некој од овие сосови и уживате во вашиот домашен чипс.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира