Вкусни сосови за чипс

Сподели

Овие вкусни сосови, се едноставни и лесни за подготовка, а што е поважно повеќето од нив се приготвуваат со состојки кои најчесто ги имате дома. Покрај со чипс, некои од нив одлично одат во комбинација и со пирошки, похован кромид, поховани зденки, пилешки прсти, пилешки крилца, крокети и слична храна.rn

Реклама

Сос со сенф и мед

rnПотребни состојки:rn

    rn011

  • 100 мл мајонез
  • rn011

  • 2 лажици мед
  • rn011

  • 2 лажици сенф
  • rn011

  • ½ лажица лимонов сок
  • rn

rn

Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад, сè додека не добиете хомогена смеса. Покријте го сосот со фолија и оставете го да преноќи во фрижидер.

Крем-сос

rnПотребни состојки:rn

    rn011

  • 100 мл павлака
  • rn011

  • 50 мл мајонез
  • rn011

  • 1 лажица лимонов сок
  • rn011

  • 10 г свеж копар, исечкан
  • rn011

  • сол и бибер по вкус
  • rn

rn

Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.

Тексашки тартар сос

rnПотребни состојки:rn

    rn011

  • 1 кромид ситно исечкан
  • rn011

  • 3 ситно исечкани краставички
  • rn011

  • 5 зелени маслинки со пиперка, исцедени и исечкани
  • rn011

  • 200 мл мајонез
  • rn011

  • свеж магдонос
  • rn

rnНачин на подготовка: Во блендер ставете ги маслинките, краставичките, кромидот и магдоносот и нежно измешајте ги. Во еден сад ставете ја смесата и одозгора сипете го мајонезот. Убаво измешајте ги состојките и оставете го сосот во фрижидер, барем еден час пред послужување.rn

Моцарела сос

rnПотребни состојки:rn

    rn011

  • 250 мл мајонез
  • rn011

  • 100 мл павлака
  • rn011

  • 100 г рендано моцарела сирење
  • rn011

  • 2 рендани лажици пармезан
  • rn011

  • 1 лажица шеќер
  • rn011

  • 1 лажица сечкан кромид
  • rn011

  • прстофат сол
  • rn

rnНачин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.rn

Лут сос

rnПотребни состојки:rn

    rn011

  • 250 мл мајонез
  • rn011

  • 250 мл павлака
  • rn011

  • 50 мл луто доматно пире
  • rn011

  • ½ лажица црвен пипер
  • rn

rnНачин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира