Без разлика дали детоксикацијата со сокови ја спроведувате неколку дена или пак цела недела, во вашето тело дефинитивно ќе дојде до промени поради драстичното намалување во внесувањето на калории, масти и протеини. Некои од тие промени се добри, бидејќи ја поттикнуваат детоксикацијата, но секако треба да се спознаат и негативните страни на детоксикациските сокови.rnrnПовеќето програми за детоксикација со сокови подразбираат внесување на сокови од различни видови зеленчук и овошје. Тие сокови содржат многу сорбитол или глуцитол. Тоа е вид шеќер кој поттикнува насобирање на вода во цревата, поради што има лаксативно дејство. Својот дигестивен систем дефинитивно ќе го прочистите, но подгответе се за дијареи и не заборавајте да го зголемите внесувањето на вода.rnrn
rn
1. Хормони
rnКога на телото ќе му го ограничите внесот на калории, тоа влегува во стадиум на гладување, а ова предизвикува хормонска нерамнотежа. Нивото на хормони во вашето тело ќе биде слично на она ниво што сте го имале пред да влезете во пубертет и тоа ќе го забележите веднаш после неколку дена. Тоа може да ја наруши конзистентноста на менструалниот циклус, особено ако ги практикувате детоксикациските сокови во периодот кога вашата менструација треба да започне.rn
2. Мускули
rnСоковите не содржат протеини. Но, вашето тело не е свесно дека не внесувате протеини, па тоа ќе продолжи и понатаму да ги разградува, исто како да ги внесувате, но сега оние од мускулите. Ако детоксикацијата со сокови трае една недела, тоа може да предизвика значајно намалување на мускулната маса, дури до 300 грама мускули дневно. Тоа за вас значи побавен метаболизам и помалку трошење калории во стадиум на мирување.rn
3. Телесна тежина
rnДефинитивно ќе го намалите бројот на непотребните килограми, но не оние кои сакате. Гликогенот во вашето тело, кој доаѓа од јаглехидратите, му помага на телото во задржување на водата. Кога ќе започнете со детоксикација со сокови, ќе ја исфрлите целата непотребна вода преку мокрење, но изгубените килограми всушност ќе бидат еднакви на изгубената вода. Тие килограми ќе ги вратите веднаш по завршувањето на детоксикацијата.rn
4. Нивото на енергија
rnСамо затоа што драстично го намаливте внесот на калории, тоа не значи дека и вашето тело ќе престане да ги троши. Помалото внесување на калории значи помалку гликоген и помала количина на енергија. Ќе започнете да чувствувате слабост и хроничен умор.rnrn
rn
5. Метаболизам
rnПоради намаленото мускулно ткиво, телото ќе троши помалку калории во состојба на мирување. Ако изгубите околу 1 килограм мускулно ткиво, секој ден ќе трошите околу 15 калории помалку. Ако детоксикацијата со сокови трае кратко, побавниот метаболизам е моментален и брзо ќе се врати во нормала. Но, ако детоксикацијата со сокови ја практикувате подолго време или премногу често, тоа може да остави долгорочни штетни последици врз работата на вашиот метаболизам.rn
6. Расположение
rnСоковите не содржат масти и протеини, соединенија кои му се потребни на вашето тело за да произведува невротрансмитери. Тие го регулираат расположението и помагаат во спречување ненадејни промени на расположението. Токму поради тоа, детоксикацијата со сокови може да предизвика нагли промени во расположението и раздразливост.rn
7. Срце
rnДетоксикацијата со сокови има позитивно влијание на здравјето на срцето. Неколку дена на детоксикација со сокови може да помогне во регулирање на холестеролот и намалување на нивото на крвниот притисок. Исто така, може да го регулира нивото на шеќер и осетливоста на телото на инсулин.rnrn