Марс е во ретроградна фаза од 30 октомври 2022 година до 12 јануари 2023 година, а кога ќе престане неговото ретроградно движење, многу работи можат да се променат. Ретроградниот Марс донесе одложувања, фрустрации и конфузија.rnrn
rnrnКога ќе заврши ретроградната фаза на Марс, ќе можеме полесно да ги надминеме пречките на патот до успехот. Ако не сте успеале да започнете проект или јасно да се изразите пред партнерот или пријателот, планетата воин ќе ви покаже како да го направите тоа.rnrnДознајте како Марс ќе му влијае на секој хороскопски знак почнувајќи од 12 јануари:rn
Овен
rnПолека ќе почнат да се решаваат долгогодишните проблеми со кои се соочувавте, конфликтите со членовите на семејството и работите поврзани со финансиите. Сепак, треба да бидете свесни за вашите навики во исхраната и физичкото здравје.rn
Бик
rnСо нетрпение очекувате да ги решите прашањата поврзани со имотот; но, бидејќи Марс е и господар на дванаесеттата куќа која ги претставува трошоците и загубите, може да направите одредени трошоци во ова време. Сепак, мора да бидете внимателни за време на договорот. Од друга страна, овој период ќе биде погоден за оние кои бараат сродна душа, но треба да преземат иницијатива за да ја најдат вистинската личност за себе.rn
Близнаци
rnБлизнаците кои се соочуваат со проблеми во нивниот професионален живот ќе почувствуваат олеснување кога Марс ќе транзитира во Бик. Освен тоа, Марс ќе влијае и врз вашата седма куќа, куќата на партнерствата и бракот. Така, поради вашата доминантна природа, може да дојде до некои непотребни судири кои би можеле да ја попречат вашата комуникација со партнерот.rn
Рак
rnКонечно ќе им дојде крајот на проблемите со кои се соочувавте долго време како финансиски проблеми, проблеми и конфликти на работното место, доцнење во напредувањето и зголемување на приходите. Студентите ќе можат подобро да се концентрираат на нивните студии.rn
Лав
rnЌе им ставите крај на проблемите и конфликтите со шефовите, постарите колеги и менторите на вашето работно место и ќе наидете на големи придобивки во професионалниот живот. Животот ќе ви биде исполнет со нови можности.rn
Девица
rnМарс ќе ви помогне да ги подобрите односите со постарите членови на семејството, но и со авторитетите на работа. Во сиот тој процес ќе имате поддршка од останатите членови на семејството.rn
Вага
rnВо периодот што доаѓа, Марс ќе ви помогне да се ослободите од непријатното чувство на неизвесност, но нема целосно да бидат решени финансиските проблеми. Астролозите ви препорачуваат да бидете внимателни со говорот и изборот на зборови, особено кога работите со авторитети и постари лица.rn
Скорпија
rnДиректното движење на Марс ќе го ублажи конфликтот во брачниот живот, но тој нема да биде целосно решен. Само вие можете целосно да го решите конфликтот преку вашата самоконтрола. Затоа, посветете дополнително внимание на вашиот брачен живот.rn
Стрелец
rnВо следниот период ве очекуваат решенија на одредени проблеми и помирување со одредени луѓе. Сега е важно да научите како да простувате. Од друга страна, избегнувајте ги штетните навики и внимавајте на вашето здравје.rn
Јарец
rnОвој период ќе биде одличен да им се посветите на студиите со максимална енергија и концентрација без да чувствувате немир или паника. Периодот ќе биде поволен и за сите оние кои сакаат да ги подобрат своите вештини и да научат нови работи. Освен тоа, директното движење на Марс ќе ви помогне да ги решите конфликтите во семејниот живот.rn
Водолија
rnМарс ќе ви помогне да ги решите сите проблеми поврзани со семејството, домот и имотот. Ако, пак, долго време размислувавте да продадете или купите имот, или да го смените возилото, тоа може да го направите сега.rn
Риби
rnСега конечно ќе можете да ги решите проблемите со блиските луѓе, со оглед на тоа дека ќе најдете подобар начин за комуникација и за пренесување на вашите идеи. Во однос на здравјето, вашата издржливост и енергија ќе бидат одлични во овој период. Сепак, обидете се да поминувате повеќе време со најблиските.rnrnОткако прочитавте како ќе ни влијае Марс во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин можете најдобро да ја искористите енергијата на полната Месечина.rnrnИзвор: atma.hr
