Дали за време на сексуалниот однос низ главата мисли ви поминуваат за тоа како изгледате во тој момент во неговите очи кои ве спречуваат целосно да уживате во чинот? Ако одговоривте со „да“, не сте единствени. Скоро сите жени на светот имаат несигурности за себе кои се зголемуваат за време на интимните моменти со нивниот партнер. Но, за разлика од вас, мажите воопшто не размислуваат за овие ситници. Погледнете ги следниве 6 нешта кои и покрај тоа што за вас можеби во моментот изгледаат страшно, тој воопшто не ги ни забележува…rnrn
rn
1. Колку сте гласни
rnЗа време на сексуалниот однос прифатливо е сè освен тишината. Токму затоа не се воздржувајте и слободно врискајте доколку ви доаѓа да го правите тоа. На тој начин вие не само што повеќе ќе уживате во односот, туку тоа уживање ќе му го покажете и нему.rn
2. Како „скокаат“ вашите гради за време на сексот
rnДодека вие се мислите дали да го соблечете градникот или не или пак гледате каде е најблискиот прекинувач за светло, тој едноставно целосно е задоволен од она што го гледа пред него. Тој не е тука да бара маани, туку да ужива со вас.rn
3. Чудни гримаси на вашето лице
rnУсни во облик на буквата „О“, полуотворени очи, бушава коса и лик нешто помеѓу сон и лудило… Сигурно покрај толку грижење за вашиот лик не ни забележавте дека неговиот израз на лицето изгледа идентично како и вашиот, нели?rn
4. Мозолчиња
rnДури ни оние кои се наоѓаат на најчудните места на вашето тело нема да го привлечат неговото внимание. Верувајте, тој е фокусиран на само една точка од вашето тело.rn
5. Пот
rnВашето момче многу сака да ве активира, но и вие него, а токму затоа и односот ќе биде проследен со пот. Но, не е сè така црно како што вас ви изгледа во моментот. Со потта се испушта и хормонот феромон, кој дополнително ќе го возбуди вашиот партнер за време на сексуалниот однос.rn
6. Влакна
rnНе сте имале време да се издепилирате? Верувале или не, момците во ниту еден момент не очекуваат совршена ситуација таму долу. Тој сè што сака е да ве види гола, без облека. Неколку влакненца воопшто не му пречат во тој поглед.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.