КАФЕ ПАУЗА

Запознајте го човекот кој ја победил пустината

Јокуба Савадого е еден иновативен африкански земјоделец кој во последниве 30 години патувал низ пустините за да ги оживее старите техники на пошумување и конзервација на почвата. Неговите единствени алати се лопатата и силната верба дека сѐ може да тргне и да се промени на подобро. Неговите неверојатни резултати зборуваат сами за себе.rnrnЗапознајте го човекот кој ја спаси пустинатаrnrnВо 1980-тите, една долга и опасна суша го зафатила регионот Сахел во Африка, уништувајќи сѐ што е зелено и вегетативно, намалувајќи ја влажноста во воздухот и дождовите за 80% и претворајќи ги големите површини зелено копно во пустина. За да преживее, поголемиот дел од населението морало да си замине, но Јокуба останал.rnrnЗапознајте го човекот кој ја спаси пустинатаrnrnНе знаејќи да чита, ниту да пишува и без никакви модерни помагала и техники, Јокуба продолжил да ја користи старата африканска пракса за одгледување растенија наречена „заи“. Тој најпрвин засадува семиња во мали дупки полни со компост, а потоа, за време на дождовната сезона, ги полни дупките со вода за да може да се задржат влажноста и хранливите материи во сушните периоди.rnrnЗапознајте го човекот кој ја спаси пустинатаrnrnОвој експеримент на Јокуба бил успешен и квалитетот на почвата е на многу повисоко ниво од порано. Покрај просото и соргото, тој засадил и нови дрвја кои успеале да ги дополнат подземните води. Почвата и органските материи кои се наоѓаат под дрвјата помагаат земјиштето подобро да ја апсорбира водата.rnrnЗапознајте го човекот кој ја спаси пустинатаrnrnПриказната на Јокуба станала позната во светот во 2010-тата година, кога тој бил дел од документарниот филм „Човекот кој ја запре пустината“. Сите собрани средства биле донирани во ресторацијата и обновување на локалните шуми и во нови тренинг програми за земјоделците кои сакаат да ја научат техниката на Јокуба. Денес, „заи“ се учи низ целиот регион и локалните земјоделци знаат како да ја задржат сигурноста на нивната храна и да се прилагодат на климатските промени.rnrn