КАФЕ ПАУЗА

Дами, вака не се заведува: Женски потези кои мажите не ги поднесуваат

Заведувањето е секако една од највозбудливите работи, но ако се прави на вистинскиот начин. Затоа исфрлете ги овие пет потези од играта на заведување, бидејќи мажите тврдат дека ниту малку не им се допаѓаат.rnrn1-dami-vaka-ne-se-zaveduva-zhenski-potezi-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-www.kafepauza.mk_rn

1. Детски глас

rnСите ние барем еднаш сме ја испробале оваа техника: со желба да го привлечеме вниманието на посакуваното момче сме се обиделе да го заведеме со нежен и умилив глас. Меѓутоа, вистината е дека на мажите им е навистина иритирачко да го слушаат тоа. Доволно им е да слушнат женски глас, без никаква глума.rn

2. Беспомошна дама

rnМажите навистина може да препознаат дама која се преправа дека е невина и беспомошна ако навистина не е. Затоа немојте да барате помош во ситуации кога е очигледно дека не ви е потребна, бидејќи мажите нема да паднат на тоа. Тие се свесни дека нас нè краси памет и сила.rn

3. Игра топло-ладно

rnИако претходно нè учеле дека играта топло-ладно повеќе ќе го заинтересира мажот, вистината е поинаква. Момците велат дека ова однесување ги исцрпува и дека брзо го губат својот интерес.rnrn2-dami-vaka-ne-se-zaveduva-zhenski-potezi-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-www.kafepauza.mk_rn

4. Љубоморни обиди

rnМажот ќе почувствува љубомора ако забележи дека жената којашто му се допаѓа флертува со друг. Меѓутоа од таа љубомора нема да се добие таков резултат како што очекува таа. Таа се надева дека љубоморниот маж ќе биде повеќе заинтересиран, но всушност поголеми се шансите дека тој нема ниту да започне разговор со неа.rn

5. Глумење заеднички интереси

rnНа мажите воопшто не им смета ако жените не знаат ништо во врска со нивното хоби или омилениот спортски клуб, па затоа нема потреба да глумите дека знаете нешто повеќе отколку што е. Мажот кога-тогаш ќе сфати дека претерувате со вашето (не)знаење, а понатамошниот епилог нема да биде сјаен.