Експертите откриле дека комбухата може значително да им помогне на жените да се справат со непријатните симптоми на менопаузата. Но, првин да откриеме што претставува комбухата и на кој начин таа може да влијае врз здравјето.rnrn
rnrnОвој пијалак стана вистински хит во последните неколку години благодарение на неговото благотворно влијание врз цревната флора и имунитетот. Станува збор за ферментиран чај кој потекнува од античка Кина, каде со векови се користел како еликсир.rnrnСодржи пробиотици и затоа има големо влијание врз варењето и виталноста на организмот. Се карактеризира со кисел вкус кој потсетува на оцет и како резултат на ферментацијата има и одреден процент на алкохол, иако комерцијално произведената комбуха нема доволно количество алкохол за да се класифицира како алкохолен пијалак, важно е да бидете свесни за овој факт.rn
Комбуха и менопауза
rnНе се направени доволно истражувања за да се документира ефектот на комбуха врз симптомите на менопауза, но нејзините докажани придобивки кореспондираат со некои вообичаени симптоми на менопауза, па затоа може да помогне во нивно ублажување.rn
Дигестивни проблеми
rnЗа време на менопаузата, доаѓа до намалено производство на одредени хормони кои влијаат на брзината и ефикасноста на варењето на храната, што може да доведе до надуеност, гасови, гадење, дијареја или запек. Според нутриционистот Лиза Ричардс, комбухата изобилува со бактерии кои се добри за цревната флора, го поддржуваат процесот на варење, но претставуваат и дополнителен извор на енергија. Д-р Су Нуи Ескобар, диететичар и експерт за менопауза, вели дека пробиотиците во комбухата можат да бидат корисни и за жените кои имаат проблеми со надуеност и запек бидејќи го поттикнуваат движењето на дебелото црево и исфрлањето на гасовите.rn
Менување на расположението
rnЗа време на менопаузата се менува работата и излачувањето на хормоните, а тоа особено важи за естрогенот. Влијаат и сите флуктуации на хормоните, а тоа се забележува преку производството на серотонин што многу влијае на расположението. Промената на расположението во комбинација со несоница може да доведе до анксиозност и депресија. Лиза Ричардс објаснува дека постои врска помеѓу мозокот и цревата – што значи дека здравјето на нашиот микробиом влијае врз нашиот нервен систем. Комбухата, од друга страна, е богата со пробиотици и придонесува за здравјето на цревата, а со тоа и индиректно на мозокот.rn
Топли бранови и ноќно потење
rnИ овие два симптоми се заеднички за многу жени кои минуваат низ менопауза и се предизвикани од флуктуациите на хормоните што му отежнуваат на телото да ја регулира температурата. Д-р Ескобар наведува дека комбухата може да ја намали зачестеноста на топли бранови и ноќно потење како и нивниот интензитет.rnСепак, пред да ја воведете комбухата во вашата рутина, имајте на ум дека е важно да ја користите умерено бидејќи прекумерното консумирање може да доведе до болки во стомакот и гасови, а подобро е да ја одбегнувате доколку сте чувствителни на алкохол и кофеин.rnrnОткако прочитавте за ублажувачкото дејство на комбухата, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин пробиотиците ви помагаат да го намалите вишокот килограми.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
