Зошто некои момци се однесуваат како најголеми идиоти? Тие не го прават тоа затоа што се злобни или сакаат да ве повредат, туку затоа што се обидуваат да се справат со нивните емоции. Жените сакаат да разговараат за нивните чувства, додека мажите ги „закопуваат“ што е можно подлабоко. Тоа се должи на начинот на воспитување.rnrn
rnrnМажите учат дека треба да бидат заштитници и ловци. Не смеат да ги покажуваат своите емоции. Треба само да соберат сила и да продолжат понатаму. Жените, пак, учат дека треба да се грижат за домот и децата. Но, во денешно време и жените имаат кариера, независни се и можат сами да го издржуваат семејството. Сепак, мажите сѐ уште не можат да се привикнат на овие промени. Сѐ уште не знаат како да се справат со нивните емоции, па затоа оставаат впечаток на кретени.rnrnКога мажите ќе почнат да доживуваат наплив на емоции, користат механизми за справување што жените честопати многу погрешно ги разбираат. За да можете полесно да ги разберете постапките на мажите во вашиот живот, обрнете внимание на следниве 7 знаци дека мажите се однесуваат како кретени само за да ги скријат нивните вистински емоции…rn
1. Постојано излегуваат по дискотеки и остануваат до раните утрински часови
rnОва е класично машко однесување. Кога мажите поминуваат низ раскинување, почнуваат да пијат и да излегуваат. Тоа најчесто остава впечаток дека не им е гајле, дека им е драго што раскинале и дека едвај чекаат да си најдат нова девојка. Но, ова исто така може да значи дека многу им недостасува партнерката и не знаат што да прават со себе, па излегувањата им помагаат да ги тргнат мислите од раскинувањето.rn
2. Многу се неучтиви и лути
rnКога ќе ги фатите мажите во „небрано“, тие се однесуваат како нервозни мачки. Избувнуваат и јазикот во комбинација со говорот на телото е првото нешто што решаваат да го искористат за да ја изнервираат партнерката.rn
3. Се впуштаат во непромислени активности
rnНекои момци решаваат да се впуштат во активности што ќе им го покачат адреналинот. Жените го сметаат тоа за глупаво и непромислено, но мажите на овој начин ја покажуваат својата мажественост.rnrn
rn
4. Имаат преголема самодоверба
rnНекои мажи понекогаш се однесуваат како вистински петли! Се перчат наоколу како целиот свет да е нивен и ги кријат своите несигурности зад маската на „сезнајковци“. Ако почнете да се сомневате во нивното знаење, тие заземаат одбранбен став и почнуваат да се однесуваат неучтиво и луто.rn
5. Кажуваат несоодветни шеги
rnХуморот може да ве ослободи од стресот, но треба добро да ја познавате својата публика пред да почнете со шегување. Мажите кои чувствуваат внатрешна болка немаат никаков филтер. Зборовите што ги користат може да бидат неучтиви и навредливи за некои луѓе.rn
6. Се однесуваат чудно
rnСите имаат навики за кои не сте свесни. Па, ако вашиот партнер почне да се однесува чудно, треба да се запрашате зошто. Дали размислува за некој проблем? Дали е лут или разочаран? Дали му се случило нешто што го извадило надвор од колосек? Доколку поминува низ тежок период, ќе можете да го забележите тоа благодарение на неговото чудно однесување.rn
7. Целосно се затвораат
rnНиту еден комуникативен маж нема да престане да ги изразува своите чувства и желби, без особена причина. Токму затоа, чудно ви е кога ќе ве исклучат од животот, бидејќи мислите дека не се грижат за вас и тоа ве повредува. Доколку забележите дека вашиот партнер премногу се затвора и ве оттурнува од себе, најверојатно се соочува со некој голем проблем. Наместо да му се лутите, дајте му простор и покажете му дека секогаш ќе бидете тука за него.rnrnМеханизмите за справување со емоциите што ги користат мажите воопшто не се едноставни. Но, доколку сакате да имате успешна врска, најдобро е да откриете каков механизам користи вашиот партнер. Тоа ќе ве поштеди од многу непотребни фрустрации и недоразбирања што можат да доведат до раскинување. Не заборавајте дека комуникацијата е двонасочна улица!rnrnПрочитајте ја и вистинската причина зошто мажите успеваат да ги изиграат жените со кои започнале врска.