Во последно време се чини дека пробиотиците се главното решение за многу здравствени проблеми, но дали тие можат да ви помогнат да ја постигнете идеалната тежина? Факт е дека тие изобилуваат со здравствени придобивки во поглед на дигестивниот систем и работата на срцето. Сепак, некои истражувања покажале дека тие можат да бидат одлична алатка за слабеење.rnrn
rnrnДури и ако не сте фан на комбуха или кефир, сепак сигурно секојдневно внесувате пробиотици преку консумирањето јогурт, кисели краставички или друга ферментирана храна. Вашето црево е полно со стотици микроорганизми кои произведуваат важни хранливи материи како витамин К и Б витамини. Тие исто така помагаат при разградувањето на влакната кои вашето тело не може да ги свари. Еве што се случува кога ќе ги додадете и пробиотиците.rn
Ја регулираат телесната тежина
rnИстражувањата покажале дека постои некаква поврзаност помеѓу цревните бактерии и регулирањето на телесната тежина. Во основа, постојат 2 вида на „добри“ цревни бактерии: Bacteroidetes и Firmicutes. Според експертите, телесната тежина е поврзана со рамнотежата на овие два вида бактерии. Тие дошле до заклучок дека луѓето со прекумерна тежина имаат повеќе Firmicutes и помалку Bacteroidetes за разлика од луѓето со умерена телесна тежина. Пробиотиците се оние кои воспоставуваат рамнотежа помеѓу овие бактерии.rn
Ги намалуваат апетитот и апсорпцијата на мастите
rnСпоред некои истражувања од 2018 и 201 година, пробиотиците можат да влијаат врз функцијата на масните киселини и да го намалат апетитот при што ослободуваат хормон. Овој хормон се нарекува пептид YY и ако имате повисоки нивоа на овој хормон, најверојатно полесно ќе можете да согорувате масти и калории.rn
Го намалуваат ризикот од воспаление но и ризикот од покачена тежина
rnСпоред едно истражување од 2020 година, пробиотиците го намалуваат ризикот од покачена тежина преку зголемување на нивото на протеини кои ги регулираат мастите. Зголемените нивоа на протеини може да предизвикаат вашето тело да складира помалку масти. Пробиотиците можат исто така да го намалат ризикот од воспаление кое е поврзано со проблеми како дијареа и тврда столица, па според тоа пробиотиците помагаат и при варењето на храната.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од пробиотиците во поглед на слабеењето, можеби ќе сакате да ја прочитате и нашата листа со здрави намирници доколку сакате да ослабите без да држите диета.rnrnИзвор: greatist.com