Неодамна откривме кои пораки секоја девојка би сакала да ги добие од своето момче, па токму затоа решивме да истражиме дали има пораки кои и момците би сакале да ги прочитаат. Но, она што го забележавме е дека на повеќето од мажите им е здодеано од типичната порака „Како си?“ која тие постојано ја добиваат од девојките. Токму затоа погледнете ги следниве 5 пораки на кои ниту еден маж не може да остане рамнодушен…rnrn
rn
1. Сè уште сум во новиот бар кој само што се отвори. Музиката е неверојатна. Зошто не си тука?
rnЗошто оваа порака е жешка: Тој ќе види дека живеете кул живот и ќе посака да не пропушти ниту еден момент од забавата покрај вас. Доколку и вие му се допаѓате нему, тој веднаш ќе одговори.rn
2. Добро е што си му само пријател на брат ми. Во спротивно јас и ти би биле голема неволја.
rnЗошто оваа порака е жешка: Вие во неговите очи ја нагласувате идејата дека како пар би биле лоша идеја (на сите добри начини) и токму затоа ќе ја пробудите неговата желба за вас. Подоцна заблагодарете ни за огромната сексуална тензија која ќе ја доживувате за време на забавите.rn
3. Само што го гледав „Одмаздници“ и Крис Еванс е навистина згоден, но повеќе би сакала да те гледам тебе како ја соблекуваш кошулата цел час.
rnЗошто оваа порака е жешка: Таа е одличен начин да му дадете до знаење дека имате „нечисти“ мисли за него. Исто така тој ќе се почувствува посебно поради идејата дека вие повеќе би сакале да го гледате него гол, отколку една од најпознатите ѕвезди.rn
4. Јас. Ти. Вечерва. Филм по твој избор. Пица. Биди тука.
rnЗошто оваа порака е жешка: Никогаш не прашувајте дали тој сака да дојде. Жената со висока самодоверба едноставно претпоставува дека тој го сака тоа. Најлесниот начин да направите вашите пораки да изгледаат посекси е доколку на крајот никогаш не ставате прашалник.rn
5. Расположена сум за секс, знаеш каде да ме најдеш.
rnЗошто оваа порака е жешка: Зарем има подобар начин да му дадете до знаење што сакате од тоа да го кажете тоа директно? И зарем има маж кој не би посакал да добие една ваква порака? Откако ќе ја испратите, очекувајте тој за само неколку минути да се „нацрта“ пред вашата врата, носејќи шише вино и чоколади.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.