Митовите кои се поврзани со убавината и негата честопати се полни со грешки кои ние секојдневно ги правиме. Ги има навистина многу и во главно се поврзани за она што сме го слушнале од непроверени извори, од она што се пренесува уста на уста, а никој не знае навистина дали е тоа така. Затоа со вас споделуваме 18 најчести митови и секако, вистината која мора да ја знаете.
rn
1. Бричењето прави вашите влакна да станат појаки и потемни
rnОва навистина не е точно. Тие кога растат како под тап брич делуваат потемно, бидејќи нивниот крај не е зашилен, но многу далеку од тоа дека нивната боја е променета. Ова би значело дека доколку избричиме некој дел од нашата косата, потоа таму ќе израсне поразлична коса, односно со поразлична текстура и боја, а знаете и самите дека тоа е невозможно.rn
2. Белите флеки на ноктите значат дека би требало да пиете повеќе млеко
rnБелите флеки на ноктите немаат врска со недостатокот на калциум, туку со удирањето или оштетувањето од лакот за нокти.rn
3. Доколку редовно ја пострижувате косата, таа ќе расте побрзо
rnОмилената реченица на нашите мајки, за жал не е точна. Но секако, редовно би требало да ги кратите краевите за тие да не изгледаат грдо и испукано.rn
4. Сите природни состојки се одлични за кожата
rnПриродните состојки се навистина одлични, но не значи дека ќе ѝ одговараат на вашата кожа и дека нема да предизвикаат некоја несакана реакција. Доколку самите правите некој производ, најпрво испробајте го на вашата рака за да се уверите како ќе реагира вашата кожа.
rn
5. Пастата за заби ќе го исуши мозолчето
rnПастата за заби во себе честопати содржи состојки кои ги избелуваат забите и кои никако не се погодни за нежната кожа на лицето.rn
6. Памучната блуза е подобра од пешкирот за сушење на косата
rnЗа жал, најчесто не е. Пешкирите од микрофибер се многу подобра опција.rn
7. Доколку искубете едно седо влакно, на негово место ќе израснат уште пет нови
rnЕдинствено нешто што може да се случи е на тоа место повторно да излезе седо влакно, но повеќе седи влакна, со сигурност нема.
rn
8. Сувите и испукани краеви можат да се оправат
rnНе можат никако. Со помош на разни масла и пакувања тие можат да изгледаат малку поубаво, но единственото и вистинското решение за нив е скратувањето.rn
9. Плакнењето на косата неколкупати доведува до нејзино сушење
rnЕдно е да не ја миете косата секојдневно или секој втор ден, но додека ја миете би требало што подобро да ја исплакнете за подоцна, при фенирањето таа да изгледа поубаво.rn
10. Протеините и мастите ќе ви додадат килограми
rnСоодветните протеини и здравите масти во производите не само што не додаваат килограми, туку можат и да ги намалат, а исто така, добро влијаат и на вашето здравје.rn
11. Секојдневниот пилинг е добар за кожата
rnДоколку секојдневно правите пилинг, без разлика дали на лицето или телото, природните масла ќе се отстранат, а вашата кожа ќе стане сува и иритирана. Ограничете се на три пати неделно.rn
12. Течната пудра не ѝ дозволува на кожата да дише
rnКвалитетната течна пудра, посебно онаа која има заштитен фактор од сонцето е одлична заштита за лицето, особено од нечистотијата. Многу е поважно навечер темелно да ја отстраните.
rn
13. Можете да се ослободите од целулитот
rnСо вежби, соодветна исхрана и пилинг, па дури и масажи, целулитот навистина може да се намали, но потполно да исчезне е невозможно.rn
14. Гелот за хемороиди ги отстранува подочниците
rnИако овој гел моментално може да го реши тој проблем, доколку го користите секојдневно неговите состојки можат да го уништат пределот околу очите и да направат да имате уште поголеми подочници.rn
15. Претераното чистење на кожата е добро
rnКожата на лицето навистина треба да биде темелно исчистена, но доколку секојдневно користите премногу препарати, лосиони, тоници, маски и пилинзи наскоро нема да ви се допадне она што ќе го видите во огледалото.
rn
16. Можно е да ги отстраните баш сите митесери
rnДоколку после третманот за отстранување на митесерите ви остане по некоја црна точка, навистина нема потреба да ја малтретирате кожата на сила и со тоа дополнително да ја уништите.rn
17. Пилингот е сјаен за мозолчињата
rnНе само што така ќе направите полоша работа на вашето лице, бидејќи ќе ги иритирате мозолчињата, туку и потенцијално ќе пренесете бактерии на деловите на лицето каде што ги немало. Направете благ пилинг, најмногу два пати неделно.rn
18. Порите се отвораат и затвораат
rnИако на допир со топлина порите изгледаат пошироко, а во допир со ладно се собираат, тие всушност не се отвораат и затвораат. Единствено нешто што можете да направите со порите е визуелно да ги намалите со помош на разни бази за шминкање.
Не верувајте секогаш во она што ќе го прочитате или слушнете, а да не ги проверите добро тие информации, бидејќи има разни митови кои постојано кружат.

