Автор: Петар Лазаров rn
Зошто последниот пат препорачавте некој ресторан, фитнес центар, компанија или производ на вашите пријатели, соседи или соработници?
rn
rnrnСигурно не било поради тоа што не сте добиле добар однос или бидејќи не ви се допаѓал производот или услугата што ви биле понудени. Јас често знам да кажам дека препораката е, „најтешкиот, а најлесен начин на продажба“. Најлесен поради тоа што вие не продавате, продава вашиот клиент (пријател, соработник). Вие не правите ништо за да ја реализирате таа продажба. Но, зошто најтешка!? Бидејќи ако некој ве препорача, тоа значи дека вие сте понудиле нешто повеќе од просекот, стандардот. Тоа значи дека вие сте ги надминале нивните очекувања.rnrnКлиентите повеќе се жалат на компаниите отколку што ги фалат и препорачуваат. Така велат истражувањата. И, тоа е нормално бидејќи обично клиентите добиваат просечна услуга, односно ние им ги задоволуваме нивните очекувања или она што сме го ветиле. Обично клиентите нè препорачуваат кога ќе им понудиме повеќе од ветеното и да постигнеме „WOW“ ефект кај нив.rnrnСо цел да ги сфатиме препораките, и зошто луѓето (не) препорачуваат треба да видиме што е она низ кое тие поминуваат пред да одлучат дали да препорачаат некој производ или услуга:rn
- rn011
- Дали јас ќе бидам одговорен ако на мојот пријател не му се допаѓа производот/услугата?
- Дали ако препорачувам, му правам добро на мојот соработник или само му одземам повеќе време?
- Дали мојот образ ќе се оцрни кај соработникот ако препорачаниот направи некои проблеми (пр. не плати)?
- Што добивам ако препорачам нешто/некого?
rn011
rn011
rn011
rn
rnВо секој случај, со цел да добиете препорака од ваш клиент, треба да сте свесни за овие 3 најважни фактори:rn
- rn011
- СУПЕРИОРЕН ПРОИЗВОД
- ПОСЕБНО ИСКУСТВО ЗА КЛИЕНТОТ
- ДОЛГОРОЧНА РЕЛАЦИЈА СО КЛИЕНТОТ
rn011
rn011
rn
rnДа се биде добар веќе не е доволно, мора да се биде посебен. Олеснете им ја работата на вашите гласноговорници и обезбедете им безбеден, забавен и исплатлив начин за да ве промовираат.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
