КАФЕ ПАУЗА

Најубавите села во Шпанија

Најубавите села во Шпанија

Шпанија има специфичен дух кој најдобро е зачуван во селата каде што ретко доаѓаат туристи. Затоа, ако некогаш ја посетувате оваа прекрасна земја, обидете се да посетите и некое од овие села.rn

Куенка

rnОва средновековно село е познато по куќите кои се надвиснуваат од стрмнината на која е сместено, така што Куенка изгледа како да лебди во воздухот. Се наоѓа во централниот дел на Шпанија.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

Елче

rnЕлче е мало шармантно село во близина на Валенсија кое е преубав спој на средновековна архитектура и медитеранската егзотика.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

Баеза

rnБаеза била католички бастион кога Маврите се обидувале да го покорат Иберискиот Полуостров. Од тој период останала неверојатна архитектура која ова мало место го прави привлечно за секој посетител.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

Деја

rnМногу уметници денес одат во Деја барајќи инспирација за своите следни дела. Селото се наоѓа на островот Мајорка, на 27 километри оддалеченост од големите гужви на плажите. Овде на мир може да се ужива во панорамскиот поглед над Медитеранот.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

Кармона

rnКармона се наоѓа во срцето на Андалузија. Таму ќе најдете архитектура оставена од секој освојувач кој некогаш згазнал овде, која останува да раскажува приказни од тие периоди. Иако е мало место, овде има многу ресторани кои служат традиционална андалузиска храна.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

Ронда

rnРонда може да делува застрашувачки со својата местоположба на двата раба на еден кањон, но штом заскитате по нејзините улици ќе бидете маѓепсани од неа. Кањонот ја дели на два дела, но тие се поврзани со мостови кои нудат незаборавен поглед, а покрај тоа овде се наоѓаат и некои од најстарите арени за борби со бикови.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

Сантилјана дел Мар

rnСе чини дека средниот век никогаш не завршил за Сантилјана дел Мар. Посетата на ова мало село сместено на 3 километри од Атлантскиот Океан може да ве врати назад во времето.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

Михас

rnИако Михас не се наоѓа на самиот брег на Медитеранот, туку на една падина која се спушта кон него, погледот кон морето сепак е фантастичен. Селата покрај шпанскиот брег најчесто се исполнети со модерни градби наменети за туристите, но ова село успеало да го задржи шпанскиот дух. Денес плени со своите тесни улички и средновековна архитектура.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

Зафра

rnАндалузиското село Зафра е дестинација за оние кои сакаат да го почувствуваат духот на Шпанија со сиот свој интензитет. Над него има прекрасен замок од 15-тиот век, кој е одлично сочуван.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

Кадакес

rnКадакес е обично и многу едноставно рибарско село близу границата со Франција, но токму во тоа е неговата магија. Има и прекрасни песочни плажи, а водата е совршено чиста.rnrnНајубавите села во Шпанијаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.