Доколку сметате дека деновите минуваат пребрзо и дека немате време да подготвите сè што сте планирале за Велигден, овој рецепт ќе ве спаси. Овој десерт изглед неодоливо и сигурно ќе ви потрае барем два дена. Станува збор за „чоколадни јајца на поинаков начин“, кои се лесни и евтини за правење.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 3-4 млечни чоколади
- 1-2 бели чоколади
- Чоколадни бонбони со жолта или портокалова боја
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnНа пареа или во микробранова печка растопете го млечното чоколадо. Врз сад со малку вода ставете помал сад во кој ќе го искршите темното чоколадо. Потоа ставете го садот врз тивок оган и оставете го чоколадото да се растопи.rnrnИстурете го растопеното чоколадо врз рамна површина и рамномерно распоредете го. Оставете го неколку минути да се излади, но треба да биде меко на допир.rnrn
rnrnПовторете го истото со бело чоколадо, а потоа оставете го 1-2 минути, малку да се излади.rnrnВрз темното млечно чоколадо, ставете капки од растопеното бело чоколадо. На дамките од бело чоколадо ставете жолти или портокалови чоколадни бонбони. Овој чекор можете да го замените и со комбинации со боја за храна.rnrn
rnrnОставете ги чоколадните јајца да се стврднат, а по неколку минути ставете ги во фрижидер. Не ставајте го чоколадото во замрзнувач бидејќи може да побели.rnrnСтегнатото чоколадо исечете го со нож. Парчињата можат да бидат исти, а можете и да го искршите.rnrnБидејќи постите сè уште траат, пробајте ги овие одлични посни рецепти без масло.
