Оваа година околу 15.000 девојки ќе го кажат најголемото „Да“ во својот живот, 15.000 момчиња ќе клекнат пред својата љубов и ќе побараат да им стане сопруга. Тоа значи дека 30.000 семејства ќе се подготвуваат за големиот ден. Токму за нив и за сите оние кои ќе бидат нивни гости го најавуваме свадбениот викенд „Во Бело“ од 14 до 16 март во хотелот Александар Палас во Скопје.rnrn
rnrnОрганизатор на овој, 4ти саем за венчавки е интернет магазинот за култура на венчавките www.vobelo.com. Единствениот македонски саем за венчавки ќе ви овозможи на исто место да најдете се што ви е потребно за вашата свадба.rnrnПреку 40 изложувачи на овој традиционален, 4ти по ред саем ќе ве изненадат со својата креативност. Врвни креатори на венчални фустани, машки костуми, фотографи, декоратери, накит, торти, модни ревии и многу други изненадувања ги очекуваат сите посетители на саемот.rnrnНајдобрите македонски модни креатори ќе ја претстават последната мода на венчални фустани за оваа година,а со свои модели ќе се претстави и светски познатиот бренд Pronovias.rnНа саемот ќе бидат присутни и веќе светски промовираните продукции за свадбена кинематографија, „Зага Продукција“ од Битола и „Зебра Продукција“ од Охрид, како и една од најдобрите европски производители на свадбени торти „The British Way“.rnrnСо пригоден коктел, модна ревија на која ќе се претстават најдобрите венчаници и машки костуми и музичко шоу на Александар Белов на 14ти март во 20:00 часот ќе се означи свеченото отворање на саемот за венчавки, а следните два дена, 15 и 16 март се отворени за посетители од 09:00 до 20:00 часот.rnrnВо текот на двата саемски денови се закажани повеќе модни ревии и презентации.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.