КАФЕ ПАУЗА

5 одлични рецепти без масло за оние кои постат

5 одлични рецепти без масло за оние кои постат

Веќе започна Велигденскиот пост, најдолгиот од сите четири постa на православните христијани. Овој пост трае 48 денови и се смета за најстрогиот во годината. Во текот на овие 48 денови, храната се подготвува само на вода, без масти и масло. За време на викенди, дозволено е консумирање храна направена со масло. Доколку оваа година одлучивте да постите, имаме неколку одлични рецепти за вас.rn

1. Крем чорба од спанаќ

rn5 одлични рецепти без масло за оние кои постатrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 1 главица кромид
  • rn 011

  • 2 чешниња лук
  • rn 011

  • 3 компири
  • rn 011

  • 400 грама спанаќ
  • rn 011

  • 1 морков
  • rn 011

  • 1 пашканат
  • rn 011

  • Сол и бибер
  • rn 011

  • Магдонос
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnИсчистете го зеленчукот и исечкајте го во големо тенџере. Додајте вода колку да го прекриете зеленчукот и гответе околу половина час. Потоа изблендирајте го сварениот зеленчук, додајте малку вода и зачинете.rn

2. Рижото со зеленчук

rn5 одлични рецепти без масло за оние кои постатrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 150 грама грашок
  • rn 011

  • 150 грама моркови
  • rn 011

  • 150 грама пченка
  • rn 011

  • Околу 180 грама бел ориз
  • rn 011

  • Сол и бибер
  • rn 011

  • Свеж магдонос
  • rn 011

  • Куркума (по желба)
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСварете го зеленчукот во малку вода, па кога ќе биде речиси готов додајте го добро измиениот ориз. Оставете да се вари 10-тина минути, а потоа тргнете го тенџерето од шпоретот. Додајте сол, бибер и свеж магдонос и добро промешајте. Доколку сакате, можете да додадете и куркумаrn

3. Шпагети во сос од домати

rn5 одлични рецепти без масло за оние кои постатrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • Доматен сос (може и свеж домат)
  • rn 011

  • 2 моркови
  • rn 011

  • 1 главица кромид
  • rn 011

  • 1 чешне лук
  • rn 011

  • Сол и бибер
  • rn 011

  • Оригано
  • rn 011

  • 1 пакување тестенини
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnВо малку вода динстајте ги лукот, кромидот и морковот. Пред водата да почне да врие, додајте го доматниот сос и зачинете. Во посебно тенџере сварете ги шпагетите „ал денте“. Потоа исцедете ја водата, додајте го сосот и добро промешајте.rn

4. Грав со вода

rn5 одлични рецепти без масло за оние кои постатrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 1 главица кромид
  • rn 011

  • 2 чешниња лук
  • rn 011

  • 2 моркови
  • rn 011

  • 2 пашканати
  • rn 011

  • 300 грама бел грав
  • rn 011

  • Сол и бибер
  • rn 011

  • Ловоров лист
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnПотопете го гравот во вода, па оставете го на рингла да зоврие. Кога ќе зоврие, исцедете го и додајте нова чиста вода. Потоа додајте го исечканиот лук, морковот и пашканатот и гответе околу 1 час. Додајте зачини и тргнете го тенџерето од шпоретот.rn

5. Пита со ориз и праз

rn5 одлични рецепти без масло за оние кои постатrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 1 праз
  • rn 011

  • 300 грама сварен ориз
  • rn 011

  • Сол и бибер
  • rn 011

  • Кисела вода
  • rn 011

  • 1 пакување кори за пита
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnИсечкајте го празот и динстајте го на малку вода. Потоа додајте го сварениот ориз и зачинете.rnrnОдвојте една кора, ставете неколку капки кисела вода, па над неа ставете уште една кора. Нанесете од смесата со ориз и праз, свиткајте ја кората и ставете ја во тава за печење. Откако ќе го направите истото со сите кори, прелијте ја питата со кисела вода и оставете ја да се пече 20-тина минути на 200 степени.rnrnДоколку немате идеја за десерт, порбајте ги овие посни бомбици од суво овошје и јаткасти плодови.