Доколку сакате ова лето да чекорите по плажата полни со самодоверба и со насмевка на лицето, бидејќи сте избрале костим за капење кој ги истакнува вашите атрибути и ги прикрива сите недостатоци, тогаш сѐ што е потребно е добро да го познавате изгледот на вашето тело.rnrn
rn
1. Облик на песочен часовник
rnИзразени се градите и колковите, а имате тенок струк. За вас идеални се винтиџ костими за капење со висок струк во долниот дел и добра потпора за градите. Во нив вашите облини одлично ќе дојдат до израз, а вие нема да стравувате дали нешто ќе ви „излезе“. Избегнувајте ги различните горни и долни делови, бидејќи во нив вашето тело може да делува диспропорционално.rnrn
rn
2. Облик на јаболка
rnГорниот дел е пополн – градите, струкот и задникот. За ваш совршени се еднобојните горни делови комбинирани со долен дел со некој занимлив дезен. Дебелите прерамки ќе ги направат вашите рамена да изгледаат помало. Бидејќи нозете ви се адут, истакнете ги со високо сечен долен дел или долен дел кој се врзува со врвки на колковите. Избегнувајте ги тенките рамки. Заради нив ќе делувате покрупно.rnrn
rn
3. Облик на триаголник
rnВо горниот дел телото е потесно, а во долниот дел – пошироко. Избирајте парчиња кои ќе привлечат внимание на горниот дел. Совршен избор се градници со весели бои или со шарени принтови во комбинација со еднобоен долен дел. Можете слободно да изберете и подлабоко деколте. Високиот струк на долниот дел ќе ја истакне вашата витка половина. Избегнувајте ги машките гаќички, бидејќи ќе ги направат вашите колкови пошироки.rnrn
rnrn
4. Обратен триаголник
rnГорниот дел од телото е поширок, а долниот потесен. Градниците со добра потпора за вас се задолжителни. Побарајте ги оние со полнење, жица и подебели рамки. Одличен избор се топовите со продолжен дел под градите. Карнерите на долниот дел ќе ѝ дадат пропорција на вашата фигура. Избегнувајте ги моделите без прерамки.rnrn
rn
5. Атлетски тип
rnЗа да создадете илузија на облини, избирајте карнери и занимливи принтови, како и триаголници. Избегнувајте горен дел без прерамки. Ќе го направат вашиот горен дел уште порамен. Избегнувајте ги едноделните костими за капење ако имате подолго торзо.rnrn