КАФЕ ПАУЗА

Ако ве нарекуваат премногу чувствителни, овој текст е за вас

Written by

in

,

Постои една мала група луѓе кои се исцелители, емпати и оние кон кои се свртуваат сите кога работите ќе тргнат на лошо. Ова се луѓето кои како деца ги утешувале оние кои биле задевани на училиште, деца кои го делеле својот оброк со другите и деца кои им дозволувале на сите да ја препишат домашната работа од нив.rnrn(1)ako-ve-narekuvale-premnogu-chuvstvitelni-ovoj-tekst-e-za-vas-kafepauza.mkrnrnОва се луѓето кои станале омилените тетки и чичковци во соседството и од кои сите бараат совети. Овие луѓе први им помагале на соседите или пријателите кои имале тешкотии. Овие нежни и добри луѓе имаат место за сите и шират љубов и разбирање кон секој што ќе го сретнат. И многу често, ова се луѓето кои ние ги нарекуваме премногу чувствителни.rnrnПостои причина за ова. Овие чувствителни луѓе ќе се расплачат дури и на некоја емотивна реклама, ќе пуштат солза на некој тажен филм и ќе ги почувствуваат емоциите на сите околу нив. Често се обвинувани дека се премногу добри или дека премногу даваат, а исто толку често се искористувани од другите.rnrnНо добрината никогаш не треба да се меша со слабост. Не постои поголема сила од способноста да останете добри во овој суров свет. Луѓето им се должни на овие емпати, на овие чувствителни луѓе.rnrn(2)ako-ve-narekuvale-premnogu-chuvstvitelni-ovoj-tekst-e-za-vas-kafepauza.mkrnrnПа, ако некогаш ви рекле да престане да се грижите, ако ви рекле да не бидете наивни за да простувате и заборавате, или пак ако ве обвиниле дека трошите премногу време на другите кои не ви се благодарни, време е да ја откриете својата вредност. Вие сте поддршката, лекот, учителот, емпатот кој го намалува страдањето на луѓето околу вас. Токму оваа способност да љубите и да чувствувате, навистина да ја почувствувате болката на другите е вашата супер моќ. Вие сте вистински херој на кого не му е страв да ги собере сите скршени делчиња и да ги исправи работите.rnrnИстата моќ која ве расплакува за време на некој филм е моќта која ви овозможува да ги исцелите скршените срца и повредената душа. Да, ќе кажуваат шеги за вас и ќе ви велат дека не можете да ги контролирате своите емоции, но тоа е во ред. Вие знаете што е вистината. Вие знаете дека ги разбирате вашите чувства и дека можете да ги искажете. И покрај ова, кога луѓето се повредени тие доаѓаат кај вас за утеха. Тие потсвесно знаат дека оваа ваша „слабост“ всушност ви дава сила да им бидете потпора кога се распаѓаат. Вие секогаш ќе им го понудите потребниот комфор и вистинската утеха, а ова не може да се научи од никој и од никаде.rnrnВие сте родени да чувствувате и да лекувате. Вие сте родени со одредена цел. И да, ќе ве повредува кога оние на кои сте им помогнале ќе ве напуштат без трошка благодарност, а можеби и ќе ви забијат нож во грбот. Ќе ве повреди многу бидејќи вие ги чувствувате работите поинтензивно од другите. Но ќе се излекувате самите како што ги лекувате и другите. Ќе станете посилни, подобри и помудри и повторно ќе можете да им помагате на другите.rnrn(3)ako-ve-narekuvale-premnogu-chuvstvitelni-ovoj-tekst-e-za-vas-kafepauza.mkrnrnМногу од нас се соочиле со подеми и падови на ова патување кон својата цел. Малку од нас го постигнуваат ова. Можеби ќе станеме богати и славни и моќни, но никогаш нема да ја исполниме празнината ако не ја знаеме вистинската цел на нашето постоење. Но ако ви рекле дека сте премногу добри, нежни, чувствителни… вие имате среќа. Токму ова е вашата цел.rnrnПа прифатете го секое чувство кое го имате. Овие чувства ја создаваат вашата наметка која ве прави херои. Вие сте едни од ретките кои ја знаат својата цел овде. И иако понекогаш ќе ви биде тешко, сепак ќе знаете колку е добро да бидете вистинските вие, да припаѓате во групата која е овде за да го направи светот подобро место за живеење. А универзумот им ја доделува оваа улога само на најсилните.rnrnЗнаевте ли дека емпатите се најдобрите пријатели кои треба да ги имате во животот?