Кученцето Мару обожава да спие. Тој може да заспие во кое било време и на кое било место. Но, најинтересното нешто е што кога тоа спие, многу наликува на своето поларно плишано мече бидејќи секогаш се мести во истата положба како играчката. Токму поради овие негови интересни навики, Мару има 2,3 милиони следачи на Инстаграм.rnrn
rnrnИнаку, Мару припаѓа на расата на кучиња Шиба Ину и живее во Јапонија. Неговиот сопственик, Оно Шинџуро, започнал да ги објавува фотографиите на Мару на неговиот официјален профил на Инстаграм веднаш по катастрофалниот земјотрес во Јапонија во 2011-тата и откако добил позитивни коментари од луѓето, продолжил да објавува по две-три фотографии дневно.rnrn
rn
„Фотографиите ја имаат моќта да ги уништат сите бариери: раса, пол, религија, филозофија и политика“, вели Оно, а неговиот Мару ги поминува сите овие граници и секојдневно ги развеселува луѓето низ светот.
rnПогледнете дел од неодоливите фотографии на Мару, кои се објавени на неговите социјални мрежи!rnrn








