КАФЕ ПАУЗА

8 мејкап совети што секоја природна црвенокоса девојка треба да ги знае

Дебра Месинг, Ејми Адамс, Џулиен Мур, Моли Рингвалд… не мора да продолжиме со набројување за да докажеме дека црвенокосите полека, но сигурно почнуваат да владеат со светот на модата. Па, ако и вие спаѓате во оваа категорија девојки, тогаш погледнете ги следните мејкап совети што треба да ги знаете доколку сакате постојано да изгледате беспрекорно.rn

1. Основата нека ви биде светла

rnrnrnПриродните црвенокоси најчесто доаѓаат со светол тен. Дозволете ѝ на вашата природна боја на кожа да дојде до израз, и никогаш не се обидувајте да ги скриете пегите доколку ги имате.rn

2. Внимателно одберете бронзер

rnrnrnДржете се настрана од сè што е премногу златно или темно – овие бои може да изгледаат лошо на вашата кожа. Од друга страна пак, бронзерот или руменилото со праска боја е најдобриот начин да ја осветлите и стоплите вашата кожа.rn

3. Кога се двоумите, секогаш одбирајте праска

rnrnrnКако што бронзерот во оваа нијанса суптилно го нагласува вашиот тен, така и карминот со боја на праска може да го направи истото за вашите усни. Ова слободно може да ви биде секојдневна навика доколку сакате да изгледате неутрално, но средено.rn

4. Не ги правете веѓите премногу темни

rnrnrnПрескокнете ги темните нијанси кога ги пополнувате вашите веѓи. Наместо тоа, пробајте ја сивата боја со кафена основа. Поладните тонови ќе се истакнат во топлината на вашата коса и ќе изгледаат многу поприродно.rn

5. Но, трепките нека ви бидат што поцрни

rnrnrnПреземете го овој совет од неверојатната Дебра, чија шминка секогаш делува совршено во согласност со бојата на косата. Едноставно нанесете неколку слоја црна маскара и ќе добиете сличен ефект.rn

6. Бидете храбри со моливчето за очи

rnrnrnВашите очи се единственото место на кое можете да додадете малку боја, бидејќи останатиот дел од лицето го одржувате неутрален.rn

7. Експериментирајте со сенка за очи

rnrnrnЗа секојдневна шминка, сите нијанси на сива боја со кафена основа или посветла кафена нијанса ќе ви помогне да изгледате неверојатно. Доколку сакате малку да се издвојувате, пробајте боја на слива или модар патлиџан – нијанси што совршено одат со бојата на вашата коса.rn

8. Црвениот кармин е дозволен во секоја ситуација

rnrnrnИдејата дека црвенокосите треба да избегнуваат црвен кармин е одамна застарена. Во комбинација со бронзена кожа, црешовите усни изгледаат навистина гламурозно покрај јагодовите локни.rnrnПрочитајте и што треба да знае секоја црвенокоса девојка за својата коса.