Животот е ураган од настани и хаотични доживувања, па затоа понекогаш ни треба оддишка. Нема ништо подобро од оддишка која нѐ теши, разбира и разговара со нас. Токму такви се емпатите. Тие се грижливи, лојални и полни со разбирање. Доколку познавате вакви луѓе, сигурно знаете дека тие се најдобрите пријатели што можете да ги посакате. Ова се 9-те причини зошто е тоа така…rnrn
rn
1. Лечењето ги прави среќни
rnДали ви е смачено од тоа сите да ве игнорираат? Дали сте уморни од тоа сами да си ги лечите раните? Емпатите се тука за да се погрижат за вас. Сите ние имаме проблеми, но прашањето е кој ќе ги чуе? Емпатите секогаш ќе бидат тука за вас. Тие обожуваат да ги лекуваат луѓето. Всушност, тие наоѓаат среќа во процесот на лечење. Емпатите ќе дадат сѐ од себе за да заздравите од скршеното срце или загубата на блиска личност. Тие ќе поминат со часови со вас, лечејќи ја вашата психолошка траума. Не треба да чувствувате грижа на совест поради тоа што сте им го потрошиле времето. Тие со задоволство биле тука за вас.rn
2. Многу се лојални
rnЕмпатите никогаш не би ве излажале. Довербата им е многу важна, бидејќи знаат каква е болката предизвикана од повредените чувства. Нивната чувствителна природа им помага да ја ценат довербата. Доколку имате емпати во вашиот живот, можете да бидете сигурни дека тие никогаш нема да ги издадат вашите тајни и секогаш ќе бидат тука за да ви помогнат на секој можен начин. Емпатите се најлојалните пријатели што можете да ги имате.rn
3. Знаат да слушаат
rnЕмпатите ги слушаат луѓето. Тие не ги слушаат само зборовите, туку ги набљудуваат и гестовите, говорот на телото и лесно можат да препознаат нечии емоции. Можете да им зборувате со часови и тие нема да ве прекинат. Тие ќе почнат да зборуваат откако ќе завршите. Освен тоа, емпатите ќе ги запомнат сите најситни детали што сте ги споделиле со нив. Разговорите со нив ќе ви помогнат да се опуштите.rn
4. Даваат најдобри совети
rnЕмпатите го познаваат светот и ве познаваат вас. Најчесто, сите ние заглавуваме во вечната борба помеѓу логиката и емоциите. Емпатите знаат како да воспостават рамнотежа меѓу нив. Тоа е така благодарение на нивното знаење и способност да ги разбираат емоциите на луѓето. Нивните совети ќе ве направат среќни и задоволни, бидејќи тие знаат што е најдобро за вас. Емпатите знаат дека сите луѓе се различни, па затоа ќе ви дадат совет што ќе одговара на вашата ситуација и околности.rnrn
rn
5. Никогаш нема да ве изневерат
rnМожете потполно да им верувате на емпатите. Дури и да ги повредите, тие никогаш нема да ви се одмаздат и да ве изневерат. Наместо тоа, тивко ќе страдаат.rn
6. Можат да ве разберат
rnЕмпатите не мораат да се соочат со вашите проблеми за да разберат како се чувствувате. Ако им раскажете сѐ, тие нема да ве обвинат дека сте премногу емотивни, слаби или гневни. Тие ќе разберат зошто сте реагирале на одреден начин и ќе ви помогнат.rn
7. Знаат дека сите луѓе се различни
rnЕмпатите знаат дека не постојат две исти личности. Доколку луѓето ве исмеваат поради необичниот стил на облекување или поради вашето поразлично мислење, емпатите ќе останат покрај вас. Тие разбираат дека постојат различни луѓе и го почитуваат нивниот избор.rn
8. Ги почитуваат луѓето
rnЕмпатите ја разбираат вредноста на почитта. Тие ги почитуваат сите луѓе без разлика на возраста, ставот или професијата. Емпатите пренесуваат позитивни вибрации поради што секогаш ќе уживате во нивно друштво.rn
9. Знаат да простат
rnНормално е да правите грешки. Емпатите го разбираат тоа. Признајте ја вашата вина и тие ќе ви простат. Емпатите знаат дека простувањето е најдобриот лек за уништените врски.rnrnЕмпатите ни го прават животот едноставен. Тие ни ги решаваат проблемите и нѐ прават среќни. Создаваат позитивна средина околу нас и ни помагаат да го постигнеме нашиот личен развој. Тие се навистина прекрасни пријатели, се согласувате?rnrnДоколку сакате да дознаете дали припаѓате во оваа група на луѓе, прочитајте ги следниве 30 знаци дека сте емпат.