КАФЕ ПАУЗА

9 работи за кои треба да му се заблагодарите на најдобриот пријател од детството

Written by

in

,

Без разлика дали сте се сретнале на улица или на училиште, најдобриот пријател од детството никогаш не се заборава. Вие сте споделиле дел од вашиот живот и сте научиле многу еден од друг. Постојат безброј работи за кои треба да му се заблагодарите на пријателот од детството, но можете да почнете со овие 9.rnrn9-raboti-za-koi-treba-da-mu-se-zablagodarite-na-najdobriot-prijatel-od-detstvoto-kafepauza.mkrn

1. За тоа што ви бил најдобар пријател

rnСигурно вашиот пријател не ни знае колку исплашено и осамено сте се чувствувале на првиот училиштен ден. Сигурно ви значело кога сте почнале да разговарате. Сепак, тоа бил почетокот на вашето долго пријателство. Кажете му колку сте благодарни што тој ден сте се запознале.rn

2. Затоа што ве поддржувал во сите луди идеи

rnДецата често знаат да се најдат во неволја. Но добро е што секогаш кога сте имале „одлична“ идеја која завршила катастрофално, со вас бил вашиот пријател. Не секоја одлука била добра, но барем сте имале со кого да ги сносите последиците.rn

3. За бескрајното смеење и забава

rnКога сте биле со најдобриот пријател сигурно ниту еден момент не ви бил здодевен. Веројатно имате и многу ваши шеги и сигурно сте се смееле со часови. Никој не може да ви го подобри расположението како вашиот пријател.rn

4. За постојаното извинување и простување

rnАко има некој кој знае дека не сте совршени, тоа е вашиот пријател. Но тој сепак ве сака и покрај сите недостатоци. Кога ќе се сетите, сигурно има многу моменти кога пријателот веднаш ви простил или се извинил.rn

5. За бранењето од другите

rnНикој не ве разбирал како вашиот пријател, исто како и вие него. Но понекогаш луѓето можат да бидат злобни. За среќа, вашиот пријател секогаш бил овде за да ве одбрани, а сигурно истото сте го правеле и вие. Добро е да имате личност на која можете да се потпрете, па не заборавајте да му се заблагодарите на најдобриот пријател за тоа.rn

6. За станување дел од семејството

rnАко вие не сте биле кај него, сигурно тој бил кај вас на гости. Неговото семејство на некој начин било ваше, како што и вашето семејство било негово. Сте доаѓале кај него без воопшто да тропнете на вратата и секогаш сте се чувствувал како дома.rn

7. Затоа што ви дозволувал да правите грешки, но бил и искрен

rnНавистина можете да се потпрете на искреноста на најдобриот пријател. Но сепак, дури и кога сте правеле грешки, пријателот не ве напуштал иако знаел дека работите ќе завршат лошо.rn

8. Затоа што ви ги чувал најдлабоките и најмрачните тајни

rnВашиот пријател видел сè – вашата добра, лоша и многу лоша страна. Но за среќа можете да му верувате. Растењето со него било прекрасно бидејќи секогаш сте имале личност за разговор. Бидете благодарни за тоа.rn

9. За безусловната љубов

rnПричината што навистина го сакате пријателот од детството е тоа што тој ве научил што значи вистинско пријателство. А тоа на некој начин е безусловна љубов. Дури и да не се дружите како порано, сигурно си посакувате само најдобро еден за друг.rnrnПрочитајте ги и овие цитати кои ја доловуваат суштината на вистинското пријателство.