Часовниците доаѓаат во различни стилови и големини. Тие може да се носат како функционален додаток или како стилско парче накит, кое е задолжително за секој маж.rnrnИако е прифатливо да носите часовник во секоја пригода, постојат неколку основни правила за тоа како да го изберете вистинскиот часовник.rnrn
rnrnОвие совети се фокусираат на тоа каков вид часовници се најсоодветни за различни ситуации и настани, како да го искомбинирате часовникот со облеката и како правилно да го носите.rnrnСигурно сте слушнале дека одредени видови часовници одат со одреден вид облека.rnrnПрочитајте ги основните правила за носење часовници и информирајте се каде можете да нарачате добри машки часовници во Македонија.rn
Не носете часовник со преголема рамка
rnРамките на часовниците се мерат во милиметри. Машките часовници во просек се 34-50 мм, иако некои брендови ги прават и многу поголеми.rnrnНикогаш не треба да носите часовник поголем од 50 мм, но 34-40 мм е стандардна големина и идеална за машки часовник.rn
Одлучете на кој зглоб сакате да го носите часовникот
rnНе постои „точна“ страна. Изберете го зглобот каде што вам ви е удобно да го носите часовникот и каде тој нема да ви го попречува движењето. Ова е типично недоминантната рака, бидејќи може да биде непријатно да се пишува со часовник на вашиот зглоб. Ако сте деснак носете го часовникот на левата рака.rn
Носете го вашиот часовник покрај коската на зглобот
rn
rnrnБидете сигурни дека рамката на часовникот стои веднаш до коската од надворешната страна на зглобот. Кога стоите, вашиот часовник не треба да се гледа под манжетната на кошулата. Кога носите кошула со долги ракави, часовникот треба да биде целосно видлив само кога ви се свиткани ракавите на кошулата. Никогаш не носете го часовникот над манжетната.rn
Носете часовник што одговара на вашата рака
rnЧасовникот треба да биде удобен за носење и да изгледа природно – треба да се прилагоди колку што е потребно на обемот на вашиот зглоб.rnrnНекои часовници, како што се спортските, имаат систем за издолжување на ремчето, кој ви овозможува лесно да го прилагодувате за да се затегне или олабави.rnrnОбичните или формалните часовници можат да имаат покомплициран систем за прицврстување што бара да ја прилагодите големината со додавање или отстранување делови за да го продолжите или скратите. Консултирајте се со упатството за употреба или побарајте помош или совет за прилагодување на должината на часовникот.rn
Мажот никогаш не треба да го носи рачниот часовник лабав околу зглобот
rn
rnrnЧасовникот треба да се движи еден сантиметар нагоре и надолу по зглобот додека се движите.rnrnЛицето на часовникот не треба да се лизга кон страната на вашиот зглоб. Како општо правило, треба да бидете во можност да ставите прст цврсто помеѓу зглобот и ремчето на часовникот.rnrnИсто така, рачениот часовник не треба да се носи премногу цврсто. Ако часовникот остава отпечаток на вашиот зглоб, тој е премногу тесен и треба да се олабави.rn
Како да изберете вистински часовник за секоја пригода?
rn
Изберете часовник што одговара на вашите чевли
rnОпшто правило е дека ако носите чевли со одело, соодветен би бил поелегантен часовник. Ако носите патики, тогаш спортскиот часовник е подобра опција. Ако вашиот стил е некаде помеѓу (носите чизми, кондури или апостолки), секојдневниот часовник ќе биде најдобар избор.rnrnВашиот секојдневен часовник треба да биде неутрален и издржлив, бидејќи треба да се носи во текот на вашите секојдневни активности, вклучително и на работа. Часовниците од не’рѓосувачки челик се популарен избор бидејќи тоа ги прави цврсти. Купипродај располагаат со голем број нерѓосувачки часовници по поволни цени, со бесплатна достава низ цела Македонија за 1-2 дена.rn
Не носете ист часовник секој ден
rnДури и ако поседувате само еден часовник, не треба да го носите секој ден од неколку причини. Прво, доколку часовникот е парче што го сакате, ако му дадете пауза подолго ќе ви трае. Второ, еден часовник ретко одговара на разновидноста на облеката што мажот ја носи во текот на една недела. Канцеларијата, теретаната, спортските настани, вечерите и забавите – сите бараат различна облека, а со тоа и различни часовници.rnrnБез оглед на вашиот буџет, ако сакате да носите часовник, обидете се да изградите мала колекција на реномирани часовници што одговараат на сите различни потреби што ги имате во текот на неделата.rnrnИ не заборавајте, не гледајте во вашиот часовник кога зборувате со некого.rnrnГледањето во вашиот часовник е помалку очигледно од гледањето во вашиот телефон, но сепак е прилично грубо и некултурно. Испраќа порака дека треба да бидете некаде на друго место или дека ви е здодевно.rnrnДа знаете како да бидете модерен господин значи да ги контролирате сигналите што ги испраќате до другите. Ова е еден сигнал што повеќето луѓе не го контролираат.rnrnКомерцијален текст