Братучедите се првите другари во вашиот живот и ги задржувате засекогаш. Еве десет причини поради кои е тоа така.rnrn
rn
1. Имате многу поминато заедно
rnКако што растете така сè помалку се гледате со нив, но постојано има за што да се разговара затоа што доста време сте поминале заедно. Ако не за друго, спомените од заедничките лета и семејните дружби секогаш се добра тема за разговор.rn
2. Ги знаат вашите лоши моменти од животот
rnНема од што да се срамите пред нив, тие знаат сè за вас, вклучувајќи ги и срамните моменти од вашето минато. Ве прифаќаат и ве сакаат и покрај тоа, а тие моменти ви служат само за шегување.rn
3. Не заморуваат со непријатни прашања
rnДодека чичко ви и тетка ви ве заморуваат со секакви прашања поврзани со училиштето, работата и пред сè момчето/девојката додека уживате во ручекот на баба ви, братучедите не ве заморуваат со тоа. Тие не си го пикаат носот во вашиот живот преку црвената линија иако вие сте спремни да споделите многу нешта со нив.rn
4. Имате неколку шеги кои ги разбирате само вие
rnСамо вие ги разбирате шегите за начинот на кој зборува баба ви или за начинот на кој се облекува вујко ви. Честопати се смеете додека сите други се чудат која е причината за тоа.rnrn
rn
5. Семејните дружби се поинтересни со нив
rnИма шеги кои само вие ги разбирате, не ве заморуваат со прашања на кои не сакате да одговарате и уште можете да се повлечете заедно со нив во некое ќоше и да си разговарате за тоа што вие сакате. Тие се главната причина поради која ги сакате семејните дружења.rn
6. Нема непријатна тишина со нив
rnСекогаш има за што да зборувате, но дури и да си молчите тоа не е неподносливо како со некои други луѓе затоа што ви се многу блиски.rn
7. Ви даваат совети за спротивниот пол
rnПовозрасните братучеди ви се на располагање кога ви треба совет во врска со спротивниот пол. Другарите обично се од истиот пол како вас, па затоа братучедите се вистинско богатство.rn
8. Не мора да ги импресионирате
rnКрвта не е вода и засекогаш ќе останете братучеди, па затоа го нема притисокот да ги импресионирате за да ги задржите покрај себе како што е тоа случај со други луѓе. Со нив можете да си бидете сосема природни.rn
9. Никогаш нема да ве напуштат
rnАко со некој/а другар/ка не се видите подолго време, врската меѓу вас почнува да бледее. Со братучедите е поинаку. Колку време и да не сте се виделе, можете да продолжите онаму каде што сте застанале минатиот пат.