КАФЕ ПАУЗА

Направете сами: Фотографија пренесена на дрвена површина

Дали ви е здодеано од фотографиите во обични рамки кои стојат на вашите полици? Ако вашиот одговор е потврден, тогаш одвојте малку од своето време и изразете ја вашата креативна страна. Фотографијата пренесена на дрвена површина изгледа необично, дава подобар ефект, а сигурно и ќе ги изненади сите околу вас.rnrnНаправете сами: Фотографија пренесена на дрвена површинаrn

За нејзина изработка, потребно ви е:

rn

    rn011

  • Фотографија по ваш избор
  • rn011

  • Дрвена површина
  • rn011

  • Шмиргла
  • rn011

  • Гел за дрво
  • rn011

  • Масло за дрво
  • rn

rnЗа да ја создадете оваа необична креација, погледнете кои чекори треба да ги преземете.rnrnrn

Чекор 1: Изберете дрво

rnПред да ја изберете фотографијата, треба да знаете на какво дрво сакате истата да ја пренесете, па да можете да ја прилагодите нејзината големина и форма. Некои практикуваат ова да го направат врз нивната гитара, мебелот или други дрвени предмети, но доколку сакате нешто поедноставно, тогаш изберете некое обично, чисто парче дрво. Можеби ќе треба малку да го обликувате, но сепак, имајте ја предвид големината на хартијата на која ќе печатите.rnrnНаправете сами: Фотографија пренесена на дрвена површинаrn

Чекор 2: Подгответе ја фотографијата

rnТреба да пронајдете некоја фотографија што ви се допаѓа. Доколку ѝ треба некоја обработка (на пример ротирање, сечење или слично), можете да користите различни апликации. Препорачливо е да ѝ додадете на фотографијата потопли бои, така што ќе изгледа подобро кога ќе ја поставите на дрвото. Трудете се да ги избегнувате светлите и фотографиите кои содржат повеќе боја, затоа што кога ќе се пренесат на дрвото не изгледаат толку добро.rnrnНаправете сами: Фотографија пренесена на дрвена површинаrn

Чекор 3: Испечатете ја вашата фотографија

rnОткако веќе ја избравте фотографијата и соодветно ја уредивте, потоа треба да ја испечатите, а за подобри резултати можете да користите ласерски печатач.rnrnНаправете сами: Фотографија пренесена на дрвена површинаrn

Чекор 4: Подгответе го дрвото

rnИсчистете го дрвото со шмиргла со цел да ги отстраните сите нечистотии, маснотии или нерамнини. Потоа нанесете гел и распоредете го рамномерно.rnrnНаправете сами: Фотографија пренесена на дрвена површинаrnrnПреминете на наредната страница за да ги видите преостанатите чекори и видеото со детално објаснување за ова постапка.rn